05 Декември, 2025
0.1922

Најниската понуда на тендерот скапо ќе чини: Алпина заминува од Србија?!

Објавено во: Балкан 29 Јануари, 2013 11:26

Добивај вести на Viber

Доколку австриската компанија Алпина до почетокот на март не ги продолжи работите на Коридорот 10, на заобиколницата кај Димитровград, српската влада ќе го раскине договорот со компанијата. Исто така државата ќе ја повлече банкарската гаранција и ќе распише тендер за нов изведувач, пишува „Новости". Градежните работи на „Коридори Србија" се прават во соработка со Светската банка, која ја финансира изградбата на овој дел од најважните патишта во Србија. Причината за прекиниот на соработката со Алпина е пробивањето на роковите за над 18 месеци. „Светска банка сака да го повлече кредитот, кој беше одобрен од страна за српскиот дел од Коридорот 10, ако работата не продолжи на почетокот на новата градежна сезона, зависно од временските прилики на 1 или на 15 март", открива за „Новости" Дмитар Ѓуровиќ, нов директор на6 „Коридори Србија“. Алпина во Димитровград работи на две места, на првиот дел завршени се 89 проценти од работите , но навториот само 62 отсто. „Имаме ветување од компанијата дека ќе ја продолжат работата. Им веруваме ама само до 16 март, а во меѓувреме ќе правиме план Б за прекин на работата, припрема на тендерска документација, повлекување на банкарските гаранции од кои ќе ги финансираме преостанатите работа и че најдеме нов изведувач. Тоа е договор кој го постигнавме со Светската банка и ние заедно ќе ја следиме состојбата на теренот", вели Ѓуровиќ. Директорот побара од Алпина да се направи заеднички извештај од областите каде што се распоредени работници и механизација - точниот број и локација. И ова ќе биде уште еден сигнал дали Алпина во спорните делови е подготвена да продолжи со работа или не. За работите на источниот дел од Коридор 10, Алпина веќе побара 74 милиони евра, што е повеќе од договорената цената од околу 60 милиони евра, велат во „Коридори Србија“. Во секој случај, пишува „Новости“ практиката покажа дека најниската понуда на тендерот, не е секогаш најдобра и дека локалните изведувачи биле во право кога предупредија дека ниту една земја неможе да прави бизнис со дампинг цени, бидејќи на крајот тоа скапо ќе чини.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии