Најнов биланс за Ковид-19: Четворица починати, 39 оздравени, 13 новозаболени
Објавено во: Македонија 27 Април, 2020
Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени пациенти од коронавирус, а во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, од кои потврдени се 13 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство. Починати се четири лица.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале две лица, 58 годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.
Во ГОБ „8 септември“ починало едно лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина. Починал и пациент од Битола кој се лекувал во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.
Од новозаболените, од Скопје се четворица, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 1399 пациенти.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.