Најнова статистика: Оздравени 47 пациенти, новозаболени седум
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2020
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 47 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Во изминатото деноноќие регистрирани се седум нови случаи на Ковид -19 а направени се 113 тестирања.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април.
Од оздравените по градовиод Скопје се 9 пациенти, од Куманово 9, Прилеп 8, Тетово 13, Охрид 1, Гостивар 5, Кочани 1 и Крива Паланка 1
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1518, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.