19 Декември, 2025
0.1068

Најнова вест: Нема договор помеѓу Белград и Приштина

Објавено во: Балкан 03 Април, 2013 00:41

Добивај вести на Viber

Договор во Брисел не е постигнат, јавија после полноќ српските медиуми. Надлежностите се најголем камен на сопнување. Ова не е крај на преговорите, претстојат разговори во Белград. Делегациите останале единствени. Српскиот потпретседател на Владата, Александар Вучиќ понудил оставка која е одбиена. После целодневните разговори на делегациите на Белград и Приштина со посредство на високиот претставник на ЕУ, Кетрин Ештон договор не е постигнат, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ. Тој истакна дека во моментот нема договор во дијалогот со Приштина и дека остануваат разликите во ставовите кога станува збор за надлежностите на српските општини врз полицијата и правосудството. „И покрај овие долги состаноци кои ги имавме повеќе пати, ние во моментот немаме договор. Имаме уште некое време да дојдеме до решение и да го сумираме впечатоците после овие долги разговори“, им изјавил Дачиќ на новинарите во Брисел и додал дека српската делегација била единствена, а дека разговорите биле тешки и исцрпувачки, не по тонот на зборување (според медиумите имало повишување на тонот помеѓу Александар Вучиќ и Хашим тачи) туку по тоа што се добива, а што се губи. Во рамки на осмата рунда преговори од дијалогот Белград – Приштина (времетраење 14 часа), Кетрин Ештон во два наврати разговарала со делегациите на Белград и Приштина. Одржани се поеќе билатерални средби. Следните денови претстојат анализи и разговори. Некои точки се и понатаму далеку од договор, но има и значителен напредок во разговорите.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен