01 Јули, 2024
0.0315

Најозлогласени терористички групи, ИСИС не е прва, но го демне Балканот!

Објавено во: Свет 14 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Ал Каеда сеуште е прва на листата.  ИСИС го шокираше светот со својата суровост. Хезболах е една од најдолговечните терористички групи. Боко Харам ја тероризира Нигерија...

Петта група на листата е нигериската милитантна група "Боко Харам", што на локалниот јазик значи "западната едукација е грев". Групата во 2014. година киднапирала повеќе од 200 девојчиња во Нигерија.

Некои извори проценуваат дека од 2009. до 2015. година убиле повеќе од 13.000 цивили. Боко Харам во 2014. година изразил поддршка за Исламската држава. Оваа група има помеѓу 7.000 и 10.000 борци.

Хезболах, една од најдолговечните терористички групи, официјално настанала во 1985. година во Либан. Тогаш главни противници им биле Израелците. Хезболах сака да ја "исчисти земјата од сè што е од Западот". Оваа група во 2012. година ѝ помогнала на сириската влада во граѓанската војна во борбата против опозицијата. Европската унија, Нов Зеланд и Обединетото кралство, Хезболах ги третираат како милитанти, но не и како терористичка организација.

САД во 2015. година го отстранил Хезболах од листата на терористички групи кои ги сметаат за закана.ИСИС или Исламската држава моментално е најактивна терористичка група, која има помеѓу 50.000 до 200.000 борци.

Оваа група е одговорна за голем број убиства. Првиот странец кој го киднапирале и убиле бил Американецот Џејмс Фоли, слободен новинар. ИСИС е позната по суровото мачење со кое го шокирала целиот свет. Дури и талибаните ги осудиле акциите на ИСИС.

Талибаните се меѓу првите фундаменталистички терористички групи, основани во 1994. година. Првобитно биле помагани од Американците, во борбата против Русија, но набрзо талибаните се свртеле против нив. Сакаат во целост да ги урнат пакистанските и авганистанските власти.

Според некои извори, талибаните од шверц со дрога и луѓе заработуваат околу 400 милиони долари годишно.

Прва на листата сè уште е Ал Каеда, коа сепак ослабела од смртта на нејзиниот основач, Осама Бин Ладен. Одговорни се за некои од најголемите терористички напади, вклучувајќи го нападот на Бали во 2002. година, а одговорни се и за нападот на кулите близначки во Њујорк во 2001. година.

Познато е и дека Балканот е мета на една од овие сурови групи, ИД,  одговорна за многу убиства и немилосрдни настани.

Експертите по безбедност за најновите настани поврзани за киднапирањето и убиството на Томислав Салопек од страна на ИД, се согласуваат дека нема апсолутна безбедност за која било земја, па така и за Хрватска, но и дека Хрватска се уште колку толку е безбедна земја.

- Ниту една држава денес не е безбедна од тероризам. Безбедни се само Ескимите и жителите на архипелагот Тонга, изјави за Хина експертот за безбедност Мате Лаушиќ, додавајќи дека сепак Хрватска влегува во редот на земји кои со оглед на она што се случува денес во светот, е безбедна земја.

Тој вели дека нема апсолутна безбедност туку можеме да зборуваме само за максимално ниво на безбедност која некоја земја го има.

- На безбедноста треба да се работи и треба да се развива безбедносната култура кај граѓаните, а таа култура се стекнува преку воспитувањето, училиштата, медиумите, вели Лаушиќ.

Верува и дека хрватските граѓани и понатаму ќе одат во странство, без оглед на последните настани, бидејќи како што вели, човек има моќ на заборав.

И експертот за безбедност Мирко Биланѓиќ се согласува дека Хрватска се уште колку толку е безбедна земја, но додава дека кога се работи за тероризмот, постои одредено ниво на општа опасност.

- Хрватска веќе со самиот факт што е членка на НАТО, одамна е на удар, вели Биланѓиќ.

Тој смета дека досега Хрватска не била конкретна директна цел, бидејќи за тоа освен општиот контекст немало причина.

Биланѓиќ верува дека последниот настан околу киднапирањето и убиството на Томислав Салопек, сепак ќе влијае на тоа дека дел од хрватските граѓани добро ќе размислат пред да се упатат во странство.

- Тероризмот во себе има психоза на ширење на страв што за сигурно ќе влијае и на одлуката на дел од популацијата, верува тој.

Терористичката организација на Исламската држава на својот налог на Твитер објави фотографија на безживотно тело за кое тврди дека е 31-годишниот Томислав Салопек. На фотографијата на мажот за кој тврдат дека е Салопек оставиле и коментар: „Убиство на хрватски заложник поради учевство на неговата земја во војната против Исламската држава“.

Салопек беше киднапиран на 22 јули на еден пат 22 километри југозападно од Каиро. Минатата среда египетскиот огранок на Исламската држава се закани дека ќе го убие во рок од 48 часа, ако не бидат ослободени муслиманските жени.

Томислав Салопек е првиот киднапиран хрватски државјанин во некоја странска земја, а неговото убиство, ако се потврди, е прво убиство на некој странски државјанин што го извршила Исламската држава во Египет.

Обработка: К.К.

Извор: Јутарњи лист

Можеби ќе ве интересира

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана

Кулеба: Ако има мир без правда, ќе дојде до нова војна

Кулеба: Ако има мир без правда, ќе дојде до нова војна