Најпродаваните производи на сите времиња: тие ја создаваат историјата!
Објавено во: Анализа 15 Мај, 2014 08:02
Многу од најпродаваните производи во светот биле првите во нови категории. Apple има продадено повеќе од 500 милиони смартфони со брендот iPhone. Една од причините за ова лежи во фактот дека компанијата е првата која воведе екран на допир на smartphone со кој човек спокојно може да слуша музика, да сурфа на интернет и да направи телефонски разговори.
Други исклучително продавани производи создаваат нови пазарни ниши и успеваат да стекнат популарност меѓу корисниците. Пред излегувањето на "Војна на ѕвездите" филмовите биле првенствено комедии, романтични или драми. Серијата книги " Хари Потер " стана толку успешна што New York Times Book Review формира посебна листа со најдобро продаваните книги за деца во 2000 година, пишува Time .
Во некои случаи најпродавани производи едноставно се подобри од останатите. Пред излегувањето на PlayStation на Sony конзолите за игри користеа пред сè касети. Со доаѓањето на PlayStation беше воведен и CD-ROM форматот, благодарение на кој датотеките на игрите станаа доволно големи за да одржуваат 3D режим.
Lipitop што стана најпродаваниот лек во светот, и има 141 милијарди продажба. Има сличен успех, бидејќи се покажа доста поефикасен од другите лекови за лошо ниво на холестерол.
Дел од овие производи продолжуваат да доминираат на пазарот. iPad останува најпродаван таблет на пазарот, а пазарниот удел во последниот квартал е 32,5 %, и покрај предизвиците од страна на Kindle Fire на Amazon и Galaxy на Samsung. Sony продаде повеќе од 7 милиони примероци од PlayStation 4 по неговото пуштање на пазарот минатата година, надминувајќи ја значително продажбата на конкурентната конзола Xbox One.
За да ги утврди најпродаваните производи во светот, 24/7 Wall St. ги смета категориите производи, кон кои корисниците пројавуваат најголем интерес и наоѓа поединечни стоки, кои имаат постигнато најмногу продажба во својата категорија. Во некои случаи се собирани податоци од повеќе извори и конечно се оценети крајните продажби.
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





