05 Декември, 2025
0.0522

Најскапите градови за странци – каде е Скопје на листата?

Објавено во: Анализа 12 Јули, 2014 09:32

Добивај вести на Viber

211 градови се вклучени во рангирањето на консултантската компанија Mercer според трошоците за живот за странци. Рангирањето се подготвува за да им помогне на меѓународните компании и владите да го одредуваат надоместокот за своите работници и службеници странци. Њујорк се користи како основен град и сите други градови се споредуваат спрема него. Девизните курсеви се мерат во однос на доларот, информираат од консултантската компанија. Втора година по ред главниот град на Луанда - Ангола, ја предводи листата како најскапиот град за странците, иако градот не е особено богат. Втората позиција е за Нџамена (Чад), а третата - за Хонг Конг. Топ 10 се дополнува од Сингапур, Цирих, Женева, Токио, Берн, Москва и Шангај. Лондон е на 12-то место, Њујорк - на 16-то, Сиднеј - на 26-то, Париз - на 27-мо, Рим - на 31-вото, проследено од Виена, Минхен - на 55-то, Атина - на 78-мо. Помеѓу европските градови, вклучени во рангирањето, се и Софија е на 172-то место, Белград - 184-то место, Сараево - 188-то место, Тирана - 199-то место, Минск - 191-вото место, а Скопје е на 193-то место. На дното на листата (најевтините градови за странците) се Карачи (Пакистан), Уиндхук (Намибија), Бишкек (Киргистан), Исламабад (Пакистан), Манагва (Никарагва), Кејп Таун (ЈАР), Ла Паз (Боливија), Јоханесбург (ЈАР), Тунис и Блантаир (Малави). Од Mercer посочуваат дека повеќето скапи за странците се градовите во Африка, Европа и Азија поради валутните флуктуации и влијанието на инфлацијата врз цените на стоките и услугите. "Класификација во многу региони е под влијание на последните светски настани, вклучувајќи ги економските и политички пресврти, кои доведоа до валутни флуктуации, инфлацијата, како и нестабилноста на цените за сместување", коментира Ед Ханибал, партнер во Mercer. Тој појаснува дека Луанда и Нџамена воопшто не се богати градови, но цените се екстремно високи поради каматата на увозот. Во прилог има и тешкотии со наоѓање на безбедно место за сместување на странските работници и службеници. Ангола увезува околу три четвртини од стоките кои ги консумираат. Одделно нафтениот бум во земјата го зајакнува приливот на странски работници, што дополнително го поддржува зголемувањето на цените. Истовремено земјата ја заврши долгата 27 годишна граѓанска војна во 2002 година и уште не закрепна од страдањата. K.K.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени