НАЈУБАВИ ЕЗЕРА ВО ЕВРОПА: На листата се најдоа четири од Балканот
Објавено во: Балкан 24 Јуни, 2024
Избрани се најубавите езера за одмор во Европа, а од нив четири се наоѓаат на Балканот. Станува збор за две езера во Хрватска и две во Словенија. На списокот се наоѓаат двете солени езера на Островот Мљет – Мало и Велико Езеро, а во близина е и Островот Света Марија, Националниот парк Мљет, како и познатиот Дубровник. На списокот се најдоа и Бледското и Бохињското Езеро во Словенија.
Светски познатата платформа за патувања, „Лонли планет“ (Lonely Planet) објави топ-листа на некои од најубавите езера во Европа.
„Морските брегови и прекрасните плажи во Европа привлекуваат големо внимание налето, но не треба да се занемарат ниту езерата на континентот. Италија може да се пофали со прекрасни езера опкружени со планини, а и езерата во Хрватска и Англија се вистинска сензација. Без оглед дали сакате да пливате или само да се опуштите, Европа има доволно езера за секоја авантура“, се вели во написот.
Топ-листата ги посочува и езерата Лаго ди Левико и Лаго ди Калдонацо (Италија), Езерото Гарда (Италија), Констанца (Германија, Швајцарија, Австрија), Анеси (Франција), Сен Кроа (Франција) и Батермер и Крамок Вотер (Англија).
foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.