19 Декември, 2025
0.0534

Најуспешниот македонски ракометен селектор ќе гради фотоцентрала

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2023 07:40

Добивај вести на Viber

Звонко Шундовски, најуспешниот некогашен селектор на македонската ракометна репрезентација, реши да инвестира во бизнисот со електрична енергија и да гради фотонапонска централа.

Ракометниот тренер од Битола не прецизира дали станува збор за проект кој потоа треба да премине кај друг сопственик, но најавува фотоцентрала со прилично голем капацитет од 1 до 2,3 мегавати, во зависност од можностите и условите.

- Проектот е во почетна фаза, се уште правиме почетни анализи. Во овој момент немам конкретни информации кои би ги споделил со јавноста. Со задоволство би одговорил кога ќе имаме поконкретни активности, ни изјави ракометниот стручњак.

Претпријатието кое ќе стои зад централата е основано минатата недела под името Сан-Сајд ФТЦ од Битола, а покрај Шундовски, сопственик на проектот е и енергетскиот консултант од Скопје, Константин Сидеровски.

Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација до 2021 го предводеше познатиот ракометен клуб Ал Рајан од Катар. Шундовски е селектор кој го постигна најголемиот успех со репрезентацијата на Македонија и тоа на Европското првенство во 2012-та година кога беше освоено петтото место.

Шундовски претходно беше тренер на Пелистер и Металург, потоа романски ЧСМ Букурешт и Констанца. Едно време беше и селектор на селекцијата на Израел.

Во Македонија во последно време тренд е да се инвестира во проекти со фотоцентрали, . Фудбалскиот тренер Александар Влахо и поранешниот фудбалер Бесим Речи се сопствениците на проектите за изградба на три фотосоларни централи кои ги продава на израелскиот гигант Big Shopping Centers, познат по тоа што купува недвижнини на Балканот и поседува трговски молови во регионот.

A.K.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?