19 Декември, 2025
0.0400

Фудбалски тренер од Македонија им продава соларни централи на Израелци

Објавено во: Економија 09 Декември, 2022 07:40

Добивај вести на Viber

Фудбалскиот тренер Александар Влахо и поранешниот фудбалер Бесим Речи се сопствениците на проектите за изградба на три фотосоларни централи кои ги продава на израелскиот гигант Big Shopping Centers, познат по тоа што купува недвижнини на Балканот и поседува трговски молови во регионот.

Big Shopping Centers, холдинг претежно во дејноста на недвижности со активности во САД, Израел, Србија, Црна Гора и Франција и лидер во изградба и развој на концептот на трговски центри на отворено во Израел, преку БИГ Енергиа Холдингс ги купува централите на Влахо и Речи познати како Бака Енерџи, Чашица Солар и Скај Солар.

Сите три се во околината на Пробиштип. Во изминатите години Big Shopping Centers и БИГ Енергиа Холдингс, инвестираат во секторот на електрична енергија. Според известувањето на Комисијата за заштита на конкуренција, тие веќе поседуваат една фотоцентрала во Штип - БИГ МЕГА Македонија - Штип Солар Оне, која е во фаза на развој. Комисијата сепак има резервирано мислење за ваквата концентрација, бидејќи може да ги наруши пазарните принципи на конкурентност.

Влахо вели дека деновиве има интензивни посети во Македонија на сопствениците од Израел и дека до март треба да им го предаде сопствеништвото, по што тие би продолжиле со понатамошната изградаба на проектите. Тој додава и дека интензивно се соработува и со локалната самоуправа на Пробиштип.

- На овие проекти почнав да работам уште пред четири години, а во предвидениот рок треба да ја обезбедам логистиката, во смисла на лиценци, дозволи за градба и потврди, по што соларните централи ќе преминат во целосна сопственост на инвеститорите. Сите три централи ќе имаат моќност од 110 мегавати, што е капацитет колку еден блок од РЕК Битола, а годишно треба да се продаваат 190.000 мегаватчасови електрична енергија. На Израелците ќе им преостане да ги опремат централите и понатаму да им ја продаваат струјата на домашните потрошувачи, ни изјави Влахо.

Big Shopping Centers  на крајот од изминатото лето соопшти дека презема проект во Македонија вреден 53 милиони евра. Проектите треба да се градат на нешто помалку од 130 хектари земја. Беше објавено и дека откупот на уделите на проектните компании ќе се врши во фази. 

Врз основа на очекуваниот капацитет, компанијата проценува бруто добивка од продажба на електрична енергија на 7,9 милиони евра за првата година од работењето. Сумата се заснова на продажна цена од 70 евра за продаден мегаватчас за времетраење на проектот од минимум 25 години.

Во меѓувреме објавено е дека уште еден израелски гигант - Ел-мор ќе гради фотонапонска централа од 100 мегавати во околината на Штип со влог од повеќе десетици милиони евра. Фотоцентралата ќе се вика Сушево 1, а и во овој случај инвеститорот како партнер има домашна проектна компанија.

Со енергетската криза во тренд е проектни компании да им продаваат фотоцентрали во развој на покрупни инвеститори. Таков пример се и двете фотоцентрали во Куманово и Крива Паланка што ги продаде Трајче Ангеловски.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?