НАЈВИСОКАТА ПЛАТА ВО ЦРНА ГОРА Е РЕЧИСИ 130.000 евра: Не ја заработил Црногорец, а за таа сума работеле дури 284 работници со минимална плата
Објавено во: Финансии, Балкан 20 Март, 2024
Највисоката бруто-месечна плата исплатена во Црна Гора лани изнесувала 127.820 евра. Таа сума, која вклучува даноци и придонеси, била платена на државјанин на Азербејџан, вработен во областа на изнајмување сопствен или изнајмен недвижен имот, пренесува Инвеститор.
Тоа е 129 просечна бруто заработка од лани или 284 минимум. Според податоците на Монстат, на ниво од минатата година просечната бруто плата била 987 евра, додека минималната 450 евра.
Вработен во областа на монетарното посредување, односно банкарскиот сектор, минатата година земал втора највисока бруто плата во Црна Гора. Станува збор за црногорски државјанин на кој му биле исплатени 110.370 евра. На трето место по заработка лани е државјанин на Грција, кој е вработен во трговија на големо со горива. За еден месец му биле исплатени 109.280 евра.
На четврто место се најде уште еден државјанин на Азербејџан, кој исто така изнајмува недвижен имот со месечен приход од 108.220 евра.
На петто место е Австриец од областа на други забавни и рекреативни активности со месечни примања од 97.690 евра, додека на шесто е хотелиер, црногорски државјанин, со исплатена плата од 95.890 евра.
На седмо место лани бил државјанин на Црна Гора вработен во областа на монетарното посредување (банкарски сектор) со месечен приход од 95.670 евра.
Српски државјанин од хотелиерството лани за еден месец добил 92.900 евра. На деветтото место лани се најде црногорски државјанин кој се занимава со трговија на големо со парфимерија и козметички производи со месечен приход од 92.500 евра.
На десетто место е австриски државјанин кој лани имал месечна плата од 92.360 евра, пренесува Инвеститор.
Според податоците на Даночната управа на Црна Гора, во првите два месеца од годинава највисоката месечна плата изнесува 88.160 евра. Таа сума, која вклучува даноци и придонеси, била платена на британски државјанин вработен во областа на други забавни и рекреативни активности. На второ место годинава е уште еден британски државјанин кој се занимава со истата дејност, со месечна плата од 81.070 евра.
Црногорски државјанин од областа на коцкање и обложување земал месечна плата од 48.740 евра.
Граѓанин на Црна Гора вработен во областа на други забавни и рекреативни активности имал месечна плата од 48.640 евра, додека српски државјанин што се занимавал со истата дејност годинава земал 46.390 евра. Руски државјанин кој се занимавал со консултантски активности од областа на информатичката технологија имал месечна плата од 44.340 евра. Австралиски државјанин од областа на други забавни и рекреативни активности за еден месец добил 41.370 евра. Египетскиот државјанин кој работи во хотелиерството заработил месечна плата од 35.790 евра, додека црногорски државјанин кој работи на градежни проекти за еден месец заработил 28.020 евра.
На десеттото место годинава е црногорски државјанин кој работи во хотелиерството, кој имал месечна плата од 26.930 евра.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.