29 Септември, 2024
0.0261

Најжешки дестинации за програмерите

Објавено во: Анализа 21 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Индиските градови се најжешките дестинации за програмерите. Според ново светско истражување на LinkedIn од десетте најпопуларни во технолошкото општество градови во светот, пет се наоѓаат во Индија. Уште повеќе, првите четири најпосакувани дестинации за професионалци во областа се индиски. Во истражувањето, објавено неодамна на официјалниот блог на социјалната мрежа за бизнис, е земена предвид информација од 300 милиони корисници на LinkedIn во 52 града. Во 2013 година најмногу технолошки таленти, кои сакаат да се развиваат професионално, пристигнале во индиските градови Бангалор, Пуна, Хидерабад и Мадрас. Бангалор, познат како Силиконската долина на Индија, е на врвот на листата. Заклучок во извештајот на LinkedIn е дека "... индискиот технолошки сектор доживува експлозивен раст". Студијата одредува технолошки вештини во областа на C ++ програмирање, пресметките во облак, компјутерската анимација и веб програмирање, како најбарани во Индија. Знаења во областа на Java исто се бараат многу, соопштуваат од LinkedIn. Тоа не е особено изненадувачки, имајќи предвид дека секоја година во Индија завршуваат најмногу компјутерски професионалци, од која и да е друга земја во светот, а компјутерските науки се меѓу најпосакуваните специјалности. Индиските софтверски компании развиваат производи за извоз, како Infosys и TCS на пример кој регрутира илјади професионалци секоја година. Како дополнување, речиси секоја голема меѓународна компанија во технолошкиот сектор (вклучувајќи ги Google, Microsoft, Amazon и др) има свој огранок во Индија, каде што работат многу од младите таленти на земјата. Според спроведената студија во февруари на Британскиот совет, бројот на студентите на курсеви за компјутерски науки, расте вртоглаво. Индиските кадри остануваат во својата татковина и заради помалиот број на барани позиции во секторот на Запад. Значи ли тоа дека технолошкиот сектор во Индија има доволно човечки ресурси, со кои ќе работи? Не сосема, се вели во публикацијата. Многу индиски професионалци остануваат без работа, бидејќи не ги исполнуваат барањата на компаниите. Истражувањето на Manpower Group покажува дека 64% од индиските компании имаат потешкотии во изнаоѓање на соодветни кадри, што е третиот највисок процент во светот. Најтешко е да се пронајдат програмери и развивачи со соодветни вештини, се вели уште во студијата на Manpower. К.К.