Наќе Чулев: Полицајците што се заканувале пред полицискиот час ќе бидат казнети, едниот од нив е лажен
Објавено во: Македонија 24 Март, 2020
Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи, потврди дека лицата кои во униформи грубо на граѓаните им порачуваат преку социјалните мрежи „Седете дома колошари“ се полициски службеници и ќе бидат казнети, додека во другиот случај лице кое се заканува дека ќе тепа и ќе затвора за време на полициски час истиот се претставувал лажно и ќе биде санкциониран парично.
„Во однос на информациите и фотографиите објавени во дел од медиумите на кои се гледа лица облечени во полициска униформа и на истите се гледа навредливa содржина поврзана со одлуката на владата, а кои се во насока на спречување на ширење на вирусот COVID 19 ја информирам јавноста дека:
Министерството за внатрешни работи веднаш ги презеде сите неопходни дејствија со цел утврдување на фактичката состојба и санкционирање на наведените сторители.
Притоа, истакнувам дека на една од заедничките фотографии Министерството за внатрешни работи утврди дека станува збор за овластени полициски службеници и против истите согласно законските одредби ќе бидат преземи соодветни постапки од страна на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, а за исходот од истите благовремено ќе биде информирана јавноста.
Додека пак на фотографијата каде што стои само едно лице, Министерството за внатрешни работи утврди дека не станува збор за полициски службеник, туку за граѓанин за кој веднаш се преземени мерки од страна на ОВР, по извршениот разговор ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава по член 23 од Законот за прекршоци против ЈРМ во висина од 600 до 800 евра глоба, заради лажно претставување на социјалните мрежи како полициски службеник.
Апелирам, граѓаните и полициските службеници да бидат крајно внимателни со содржините и објавите на социјалните мрежи и воедно потенцирарм дека најостро ќе бидат казнувани сите лица кои со своето однесување ќе го нарушат угледот на полицијата“, се огласи Чулев.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од лица во полициска униформа кои се фотографирараа и напишаа „Седете дома клошари“ пред полицискиот час, а друг човек фотографиран пред огледало напишал „Единицата формирана, ако ве зачекам после 9, пендрек и 10 години робија… казна нема“. Постовите наидоа на жестоки реакции од граѓаните, а од МВР рекоа дека ќе проверат дали станува збор за нивни вработени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.