20 Декември, 2025
0.0494

Намален бројот на насилните смртни случаи во Македонија

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2018 13:23

Добивај вести на Viber

Во Република Македонија минатата година од насилна смрт умреле 421 лице, што е намалување за 15.3 отсто во однос на 2016 година, пкажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.1 отсто. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2017 година, како и во претходните години поголемо учество имаат машките лица, и тоа 75.1 процент.

Во случаите на насилна смрт, најголемо учество имаат „Несреќните случаи“ со 66.0 %, потоа „Самоубиствата“ со 26.4 % и „Убиствата“ со 7.6 %.

Во категоријата „Несреќни случаи“, на прво место се умрените лица од „Други надворешни причини за случајна повреда“, со учество од 26.1 %.

Во категоријата „Самоубиства“, случаите кај кои смртта настапила поради „Бесење, странгулација и суфокација“ имаат најголемо учество со 15.7 %.

Во категоријата „Убиства“, пак, доминантна причина за смрт е „Обид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје“ со учество од 2.4 % во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки