Добивај вести на Viber
Намален е бројот на работници во индустријата во месец октомври, покажуваат податоците на Државниот за статистика. Индексот на оваа брока во октомври годинава, во однос на истиот период лани изнесува 94.6.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 0,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,6 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,7 отсто, Капитални производи за 10,9 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 9,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,9 отсто.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - октомври оваа година, во однос на истиот период лани, изнесува 97,3.