06 Декември, 2025
0.0779

Намален бројот на сообраќајни незгоди и жртви во Гостивар и Тетово

Објавено во: Економија 17 Јануари, 2013 14:31

Добивај вести на Viber

Намален е бројот на сообраќајни несреќи кои лани се случиле на патиштата во Западна Македонија, поточно во реонот на Гостивар и Тетово.

Имено во Гостивар и гостиварско, во текот на 2012 година се случиле 373 сообраќајни несреќи, што е за 50 помалку во споредба со претходната 2011 година, информираат од СВР Тетово. Исто така намален е и бројот на несреќите со смртни последици, како и со тешко и лесно повредени лица. Во сообраќајките животот го загубиле 4 лица, наспроти 8 во 2011 година, додека тешки и лесни телесни повреди задобиле 188 лица или за 43 помалку.

При контролите, кои лани ги спровело Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, поради техничка или друга неисправност исклучени од сообраќај се 740 возила и 489 возачи.

Во Тетово и тетовско пак се случиле 845 сообраќајни несреќи што е за 153 случаи помалку во споредба со 2011 година. Намален е и бројот на несреќите со смртни последици, како и со тешко и лесно повредени лица. Во минатогодишните несреќи животот трагично го загубиле 10 лица, наспроти 12 годината пред тоа, додека тешки телесни повреди задобиле 60, лесни 405 лица, а 687 од несреќите завршиле само со причинета материјална штета која збирно изнесува над 34 милиони денари.

Според полициските податоци  најмногу од несреќите во Тетовско односно 417 се регистрирани во јули, пред се како резултат на зголемената фрекфренција за летните одмори.

Како најчеста причина за несреќите се  пребрзо возење, недавање  првенство, недржење страна, непрописно престигнување и управување под дејство на алкохол, посочуваат од полицијата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?