Намален е приходот на „Мермерен комбинат“ Прилеп
Објавено во: Економија 01 Јули, 2016 09:38
Приходот на „Мермерен комбинат“ Прилеп е намален за 14,3% во споредба со 2014 година.
Ова е резултат на понизок просечен квалитет на ископаниот материјал и помала побарувачка за производите од фабриката, информира компанијата во годишниот извештај објавен на Македонската берза.
Бруто маржата изнесува 54,5% од приходот од продажба, којшто е намален во споредба со 56,6% во 2014. Бруто добивката се намали на 8.9 милиони евра или 17,5% пониска од нејзиниот износ во 2014 (10.8 милиони евра).
Намалениот бруто профит се припишува главно на намалениот приход од продажба, информираат од компанијата.
Прикажано е намалување од 13.9% на вкупните административни и продажни трошоци за периодот како резултат на намалените попусти дадени на купувачите (без трошок наспроти 0,5 милиони евра во 2014).
Како резултат на ова, друштвото пријави оперативна добивка пред камата и данок (EBIT) од 5.7 милиони евра наспроти 7.2 милиони евра во 2014 година (-20,8%), велат од компанијата.
„Добивката пред данок, камата и амортизација (EBITDA) за 2015 година забележа пад на 8.4 милиони евра наспроти 9.9 милиони евра во 2014 година (-15,2%).
Добивката по оданочување (ЕАТ) изнесува 4.9 милиони евра, за 28,7% пониска од истата во 2014 година (6.9 милиони евра). Забележано е дека оваа година е пресметан данок на добивка во износ од 0.6 милиони евра наспроти 2014 година кога немаше данок.
Нето заработувачката по акција забележа пад на 1,04 евра од 1,46 евра во 2014 година“, велат од компанијата.
Вкупниот износ на банкарски кредити до 31 декември 2015 година изнесува 3.3 милиони евра, намален од 5.1 милиони евра до 31 декември 2014 година т.е. забележан е пад од 1.8 милиони евра во однос на декември претходната година.
Пораст на капиталот од 18 милиони евра до 31 декември 2015 година, зголемен за 0.2 милиони евра во споредба со 31 декември 2014 година (17.8 милиони евра).
Можеби ќе ве интересира
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра




