05 Декември, 2025
0.0377

Намален ризикот Грција да ја напушти еврозоната

Објавено во: Балкан 14 Февруари, 2013 11:10

Добивај вести на Viber

Значително е намален ризикот дека Грција ќе биде принудена да ја напушти еврозоната, изјави денеска гувернерот на грчката Централна банка, Јоргос Првопулос, повикувајќи се на одлучното спроведување на структурните реформи.

- Ризикот дека Грција ќе излезе од еврозоната е драстично намален, рече Првопулос.

Гувернерот повика на поагресивна имплементација на структурните реформи, на кои Атина е обврзана во замена за милијарди евра од пакетот помош од Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

- Долга е листата на работи, кои треба да ги направиме, по прашањето за приватизацијата, реформите на пазарот на стоки и услуги, подобрувањето на механизмот на собирање даноци, кој е полн со слабости, рече тој.

Ревизорите на ЕУ, ЕЦБ и ММФ ќе се вратат во Атина подоцна овој месец за да проценат како напредуваат реформите. Од нивниот ивештај зависи дали на Грција ќе и биде исплатена следната транша помош во вредност од 2,8 милијарди евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии