05 Мај, 2024
0.0251

Намалено кредитирање на претпријатијата, зголемено на населението

Објавено во: Анализа 10 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Неодамна, НБРМ излезе со податок дека во последниот квартал обемот на кредитната активност на деловните банки во Република Македонија останала непроменета, но соодносот на кредитирањето на физички лица и корпоративното кредитирање се изменило во насока на зголемување на кредитната активност  на физички лица за сметка на корпоративното кредитирање. Имено, се работи за исклучително сериозно укажување кое за жал во медиумската јавност не наиде на соодветен третман . Оттука, зошто е потребно посериозно толкување на ваквиот податок? Како прво, дополнителното задолжување на „граѓанскиот сектор“ значи опаѓање и на така опаднатиот стандард на населението, бидејќи поголем дел од заработката во овој случај би била наменета за плаќање на обврските по основ на доспеаните рати за кредити. Понатаму, мене ме загрижува и фактот што се намалува кредитирањето на стопанството и како ваквата состојба на долг рок ќе се рефлектира врз кредитна реалост. Значи народски кажано доколку фирмите не користат кредити тие не би бележеле раст, напротив во најдобар случај  би стагнирале или полека би ја намалувале својата активност, и следствено на тоа би дошло и до намалување на потребата од работната сила, која претпоставуваме дека е кредитно задолжена. Со други зборови вработените лица кој се охраблиле и кредитно се задолжиле по деловните банки во државава многу лесно би можеле да се соочат со неможност да остаруваат сретства за редовно подмирување на доспеаните обрски за кредити. Меѓутоа ова не претставува само опасност за кредитокорисниците, Не,  ова долгорочно ќе значи огромен потрес на банкарскот сектор, а и на стопанството во целина. Гледајки од овој аспект информацијата од НБРМ не е така наивна и сметам дека токму ова треба да ги вклучи алармите кај сите надлежни институции, а и останатите засегнати субјекти. Е сега некој ќе рече, во ред, лесно е да се констатира, но што и кој би требало да превземе нешто да би се променила ваквата непосакувана иднина за сите нас. Во јавноста најчесто се споменуваат две решенија. Едното, е кога решението се бара во државата, односно таа да се јави како стимулатор на бизнисот и второто решение е банките да почнат да нудат ефтини кредити. Државата несомнено има клучна улога во стимулиранје на развојот на бизнисот. Таа има свои механизми и начини како тоа да го направи.  Но, она што е вистина е дека државата неможе за секој бизнис и за секоја поединечна бизнис идеја да се произнесува и да ја подржува или не. Сепак најмногу е до сопствениците на фирмите, кои пред се треба да веруваат во својот бизнис и да веруваат во производите што ги произведуваат или со кои тргуваат.   За волја на вистината пак и банките во последно време нудат на пазарот најповолни кредити од постоењете на деловното банкарство во Република Македонија. Се сложувам дека критериумите за одобрување на корпоративните кредити се построги, но за тоа не траба да ги обвинуваме банките, тие се институции кои имаат приоритет на заштита на капиталот на акционерите и во вакви турбулентни времиња не само кај нас туку и во многу поразвиени економии, критериумите за одобрување на корпоративни кредити се доста построги. Има многу примери на успешни македонски компании којшто почнале без поддршка од државата ни од банките, но понудиле нешто доволно квалитетно и успеале да створат успешни и препознатлви брендови од своите фирми. За оние претприемачи кој веќе пливаат во овие узбуркани води на нашево стопанство треба да сватат дека реинвестирањето во бизнисот и акумулација на капиталот во фирмите имаат клучна улога во развојот и стабилноста на бизниот поединечно, а преку тоа и стабилноста на стопанството. Клучно е стопанствениците да прифатат дека неопходно е секоја остварена добивка да се реинвестира во зголемување на бизнисот или во најмала рака да се акумулира за ,,потешки времиња, а не да се инвестира во непродуктирвни  инвестиции, кој несомнено ќе го исцрпат бизнисот остварајќи доста проблеми потоа. А оние кој не започнале со бизнис, а имаат идеја и сакааат да го направат тоа, само напред, важна е идејата, а капиталот ке се зголемува соодветно на понудениот квалитет.  Само на тој начин, со развојот на малите бизниси, но стабилни и квалитетни,  кој со тек на време би се развиле во средни па и големи, може да се надеваме на подобри времиња за сите нас.  Владимир Лакински (авторот е вработен во НЛБ Тутунска Банка)

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад