Намалувањето на грчкиот долг се најде во европските парламенти
Објавено во: Балкан 28 Ноември, 2012 10:19
Долниот дом на германскиот Парламент оваа недела ќе расправа и ќе гласа за договорот кој вклучува намалување на каматите, продолжување на доспевањето на заемите од 15 на 30 години и 10-годишно одложување на отплатата на каматите. Пакетот исто така предвидува на грчката Влада да и се овозможи да ги откупи своите обврзници од приватните инвеститори по намалени цени, како и дека ќе и се вратат 11 милијарди евра од профитите во националните банки кои се собрани со купување од страна на ЕЦБ на намалените грчки државни обврзници на секундарниот пазар.
Холандскиот Парламент исто така мора да го одобри договорот, но и овде, како и во Германија, не се очекуваат проблеми. Во Финска, каде што пратениците од претходно имаат поставено тешки услови за поддршка на кризи, и бараат гаранција за заемите за Грција, парламентарниот комитет однапред и даде на министерката за финансии Јута Урпилаинен преговарачки мандат и таа за време на состанокот на еврогрупата постојано се консултирала со нив, пред да се согласи со што било. Францускиот Парламент исто така ќе мора да го одобри договорот, но тоа ќе го стори во рамките на гласањето за буџетот за 2013 година, или за дополнувањето на буџетот за 2012.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии
ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени





