Добивај вести на Viber
Продолжува штрајкот на здравствените работници во Хрватска. Според последната одлука донесена од страна на главниот штрајкувачки одбор на Хрватскиот лекарски синдикат, шрајкот на лекарите ќе продолжи и од понеделник и тоа на највисоко ниво во болниците, изјави денеска претседателот на Синдикатот Ивица Бабиќ.
Бабич и покрај најавите за радикализација на штрајкот, денеска сепак се појави на преговори во Министерството за здравство заради склучување нов Колективен договор во здравството.. Притоа, бјасни дека штрајкот продолжува и се интензивира затоа што ниту едно од барањата на штрајкувачите не е исполнето.
„Ќе работиме како во неделите“, изјави за хрватските медиуми.