НАПАД ВО ЛОНДОН: Маж со нож ги напаѓал минувачите
Објавено во: Свет 09 Октомври, 2017
Лондонската полиција блокираше неколку улици откако маж со нож напаѓал минувачи сред бел ден.
Автопатот во Лејтонстон беше затворен додека полицијата вршеше увид.
Полицијата потврди дека имало напад со нож.
На фотографиите се гледа како луѓе се собрале околу полицискиот кордон пред неколку продавници.
Засега други детали за нападот нема.
Во Европа зачестија напади со нож. Повеќе такви напади или обиди за напад имаше во Франција.