16 Декември, 2025
0.0968

Напаѓачите од „Аш Шабаб“ во Кенија убиени, бројот на жртвите достигна 147

Објавено во: Свет 03 Април, 2015 12:18

Добивај вести на Viber

Бројот на жртвите во нападот на исламистичката терористичка организација „Аш Шабаб“ во универзитетот на кенискиот град Гариса достигна 147, јавува „Ројтерс“.

Агенцијата додава дека ова е најтешкиот напад во Кенија по бомбашките напади врз амбасадата на САД во 1998 година.

Опсадата на универзитетскиот кампус заврши за 15 часа откако сомалиските исламисти упаднаа во него и ги зедоа како заложници студенти-христијани. Министерот за внатрешни работи Жозеф Нкаисери објави дека нападот бил извршен од четворица терористи наоружени со експлозиви.

„Операцијата заврши успешно. Четворицата терористи беа убиени“, изјавил Нкаисери пред кениските медиуми. Шефот на полицијата Жозеф Боане коментирал дека напаѓачите се „убиени на лице месо“ откако влегле во кампусот.

Полицијата и армијата го опколија универзитетот и влегле во престрелка со напаѓачите во текот на денот, но беа совладани последователно. Барем 79 лица биле повредени, дел од нив биле префрлени во болницата во Најроби.

„Аш Шабаб“, која го изврши смртоносниот напад во трговскиот центар „Уестгеит“ во 2013 година ја презеде одговорноста за нападот во кампусот на 200 километри од границата со Сомалија Гариса. Групата е поврзана со „Ал Каеда“ и во минатото вршела и други напади во Кенија.

На истиот ден во 1998 година „Ал Каеда“ извршила бомбашки напади врз амбасадите на САД во Кенија и Танзанија. Тогаш загинале 224 лица, а илјадници беа повредени. Вашингтон ги осуди вчерашните напади и и понуди помош на Кенија во борбата против исламистите.

Властите објавија награда за информација која може да доведе до апсење на човек по име Мохамед Мохамуд, за кого се смета дека е поврзан со нападот. Боане најавил дека во Кенија ќе се воведе полициски час во четири региони во близина на границата со Сомалија.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете