19 Декември, 2025
0.1530

Напаѓачот на канадскиот Парламент бил џихадист?

Објавено во: Свет 23 Октомври, 2014 10:41

Добивај вести на Viber

Напаѓачот на канадскиот Парламент, 32-годишниот Мајкл Зехаф-Бибо, кој вчера уби канадски војник и упадна во зградата на парламентот во Отава пред да биде убиен, се наоѓал на листата за набљудување на осомничени терористи и му бил одземен пасошот за да не замине да војува на Блискиот Исток. Зехаф-Бибо, имал обвиненија и за дрога и грабежи, а планирал наскоро да замине да го проучува исламот и арапскиот јазик и да и се приклучи на Исламската држава во борбите во Сирија и Ирак. Сепак, точниот мотив за нападот во Канада засега не е откриен. Нема официјални податоци дека овој напад на некој начин бил поврзан со активностите на Исламската држава или со воената кампања на Канада против џихадистите во Ирак и Сирија, како дел од меѓународната коалиција. Но, ова е втор напад на канадски војници неделава - во понеделникот напаѓач наклонет кон џихадистите уби еден и повреди друг војник, пукајќи од автомобил во движење. Семеен пријател на Зехаф-Бибо раскажал дека го сретнал во џамија пред три години и дека тогаш немал екстремистички ставови и не покажувал желба за насилство. Властите се обидуваат да утврдат што се сменило со младиот човек во изминатите години. Канадскиот премиер Стивен Харпер порача денеска дека „Канада никогаш нема да ја заплашат“ и вети дека борбата против терористичките организации само двојно ќе се засили.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците