18 Декември, 2025
0.0708

Направија 120 милиони евра! Кои се најголемите македонски млекарници?

Објавено во: Економија 07 Јули, 2021 07:47

Добивај вести на Viber

Битолската Млекара и понатаму останува број еден по пазарно учество (покрива третина од целиот пазар н.з.) и е неприкосновена според остварениот профит. Од големиот значаен прогрес лани направија „Трница“ и „Бучен Козјак“ за сметка на „Здравје Радово“ кој беше број два до 2019 година. Во големата петорка е и македонската испостава на хрватски „Дукат“. Од тетовските пет млекарници „Сентис“ најдобро котира лани. Во корона годината дури 20 млекарници успеале да направат приход од продажба поголем од еден милион евра!

Македонската млечна индустрија ја преживеа корона кризата и излезе посилна по големиот предизвик што го наметна најопасната здравствена пандемија лани. На нашиот пазар на млеко и млечни производи лани имаше 20 млекарници кои оствариле приходи поголеми од еден милион евра. Приходот на тие компании лани изнесуваше 120 милиони евра.

Од аспект на пазарното учество ниту лани имаше големи и значајни промени иако на прво место неприкосновена е најголемата млекарска компанија – Млекара Битола која има пазарно учество поголемо од една третина од целиот приход од продажба на 20 најголеми млекарски компании. Воедно има и најголем профит во апсолитен износ и единствена од млечната индустрија што има добивка поголема од еден милион евра.

 Најголем продор на пазарот лани имаше млечната индустрија Трница која успеа да ги зголеми приходите за 98 отсто и лани за прв пат заврши со добивка.

Вториот најголем учесник на пазарот „Здравје Радово“ ја загуби својата позиција во директната борба со ривалот од Куманово – „Бучен Козјак“ кој книжи раст на приходите од 13 отсто.

Подружницата на хрватски „Дукат“ – битолски Лацталис МК и лани е во најголемите четири компании со убедливо најголем раст на профитот , во релативен износ, во споредба со својата конкуренција (најголемите пет компании).

Од 20 рангирани компании во реалитвен износ најголем раст на своето пазарно учество има најмалиот – компанијата Дени Милк од Кочани која благодарејќи на растот на приходите од 44 отсто го надминала прагот на приходи од 1 милион евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје