23 Мај, 2024
0.2237

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

Објавено во: Македонија 20 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Поднесена е кривична пријава против градоначалникот на Богданци, објави  министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Тoj објави дека СВР Струмица поднесе кривична пријава против градоначалникот на Општина Богданци и вработена во Одделение за урбанизам на Општината. Инаку, градоначалник на Богданци во два мандати по ред е Блаже Шапов од редовите на СДСМ.

„Првопријавениот во својство на градоначалник на Општина Богданци, во периодот од 17.05.2021 до 15.06.2021 година, по претходно спроведена јавна набавка и договор склучен со најповолен економски оператор, со средства од буџетот на Општина Богданци извршил изградба и реконструкција – поставување на бехатон на КП 9458 КО Богданци која е во приватна сопственост, без да се спроведе постапка за експропријација, на начин што свесно оваа парцела ја прикажал како дел од ул. Крсте Мисирков во Богданци бидејќи за истата нема и не може да има соодветна дозвола за градба и на тој начин спротивно на ДУП на Општина Богданци, спротивно на Закон за експропријација и без соодветна дозвола за градење, со буџетски средства бесправно е изградена приватна КП 9458 КО Богданци, во корист на нејзините сопственици, а на штета на буџетот на општината“, информира министерот. 
Второпријавената, вработена на работно место помлад соработник – урбанистички планер во Одделение за урбанизам и градежништво во Општина Богданци, со овластување дадено од првопријавениот, задолжена како одговорно лице за следење на текот на постапката за изградба и реконструкција на улици на територија на Општина Богданци, иако била должна да знае дека наведената КП е во приватна сопственост, дека согласно ДУП за Општина Богданци на истата не може да се вршат градежни активности, бидејќи нема соодветна дозвола за тоа и не е спроведена постапка за експропријација, сепак го пропуштила надзорот кој била должна да го спроведе со несовесно постапување во вршење на своите законски овластувања и во ниту еден момент не реагирала на незаконските постапки со што овозможила бесправно со буџетски средства да се изгради приватна парцела КП 9458 за КО Богданци во корист на нејзините сопственици, а на штета на буџетот на Општина Богданци.

Со горенаведеното првопријавениот сторил кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување и бесправно градење, а второпријавената сторила кривично дело – несовесно постапување во службата“.
foto Wikipedia/Ajta

Можеби ќе ве интересира

ХАСАНИ ОД „ВРЕДИ“: Со гласањето во Ларце го добивме 14-тиот пратеник

ХАСАНИ ОД „ВРЕДИ“: Со гласањето во Ларце го добивме 14-тиот пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Димитар Ковачевски се повлече од претседателската функција во СДСМ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Димитар Ковачевски се повлече од претседателската функција во СДСМ

Дали Африм Гаши ќе биде следниот собраниски спикер?

Дали Африм Гаши ќе биде следниот собраниски спикер?

ПО ПРЕГЛАСУВАЊЕТО: ДУИ изгуби еден пратеник?

ПО ПРЕГЛАСУВАЊЕТО: ДУИ изгуби еден пратеник?

ДИК: Излезноста над 55 отсто

ДИК: Излезноста над 55 отсто

НАЈЧЕВСКА: Наместо да поддржуваат диктатори Апасиев и компанија требаше да се занимаваат со билатералниот договор за имунитет на американските граѓани

НАЈЧЕВСКА: Наместо да поддржуваат диктатори Апасиев и компанија требаше да се занимаваат со билатералниот договор за имунитет на американските граѓани

ПОБАРА КОНГРЕС: Koвачевски се повлече од лидерската позиција во СДСМ

ПОБАРА КОНГРЕС: Koвачевски се повлече од лидерската позиција во СДСМ

РЕЗОЛУЦИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Дали Романија и Грција ќе го сменат ставот?

РЕЗОЛУЦИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Дали Романија и Грција ќе го сменат ставот?

ДСЗИ: Спорните вработувања на Токсикологија биле само со потпис на директорката Бесија Иљази

ДСЗИ: Спорните вработувања на Токсикологија биле само со потпис на директорката Бесија Иљази