Народен правобранител и нотар-милионер: Познато што поседува Насер Зибери
Објавено во: Економија 08 Јули, 2022 07:30
Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси го објави анкетниот лист на народниот правобранител Насер Зибери, а таму има имот кој сумирано може да се вреднува на милион евра.
Омбудсманот има две девизни штедни книшки во Комерцијална банка стекнати на различен основ, од кои едната во вредност од 100.500 евра од 2019, а другата во вредност од 70.000 евра од 2006. Зибери има и девизни заштеди од 100.000 евра во Про кредит Банка од 2016 и од 30.000 евра во Стопанска банка од 2003.
Скопскиот нотар има земјиште од 15.000 метри квадратни во село Ласкарци чија вредност е проценета на 10.000.000 денари стекнато со наследство. Зибери од 2020 има побарување на заем од 1.800.000 денари.
Народниот правобранител поседува возило Мерцедес Е класа, произведено во 2018, чија вредност е 3.000.000 денари, или во евра приближно 50.000. Наследил куќа од 300 метри квадратни во Скопје чија вредност се проценува на 8.000.000 денари.
Како личен имот тој пријавил уште и две деловни простории во Скопје. Едната е 58 метри квадратни и вреди 4.000.000 денари, а другиот е 46 м2 и проценет е на 3.000.000 денари. Брачниот другар од 2010 има стан и деловен простор, стекнати со подарок, од вкупно 9.000.000 денари.
ДУИ пред парламентарните избори во 2020 го промовираше Зибери како канидат за прв Албанец премиер на земјата, а во јануари 2021 Собранието го избра за народен правобранител на местото на Иџет Мемети.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




