30 Октомври, 2024
0.8259

Народна банка купува 45 милиони нови банкноти! Која печатница за тоа ќе наплати 3,8 милиони евра?

Објавено во: Економија 29 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Печатењето на банкнотата што вреди 1.000 денари Народната банка ја чини 4,6 денари за парче, а десетденарката и петстотката по 4 денари од банкнота. Станува збор за светски реномирана и респектабилна печатница специјализирана за печатење книжни пари која обезбедува заштита по највисоки стандарди, компанија основана пред 203 години

Народната банка склучи три договори за печатење на нови банкноти од апоените 10, 500 и 1.000 денари. Вкупно ќе бидат отпечатени 45 милиони нови книжни банкноти за што Народната банка нареномираната англиска печатница De La Rue Intenational LTD ќе плати вкупно 3,775 милиони евра.

Трите договори што ги склучи Народната банка предвидуваат печатење на нови десетки, петстотки и илјадарки во вкупен обем од 45 милиони нови книжни банкноти.

Логично и очекувано е дека во најголем број ќе бидат отпечатени десетденарките. Станува збор за нарачка на 20 милиони парчиња банкноти од полимер со највисоко ниво на заштита. За тие банкноти Народната банка ќе плати 1,3 милиони евра. Што значи дека печатењето на секоја нова банкнота чини 4 денари.

Најскапи се банконите од 1000 апоени односно книжната пара позната популарно како илјадарка. Ќе бидат отпечатени нови 20 милиони банкноти за што ќе бидат платени 1,5 милиони евра. Цената на отпечатено парче банкнота од 1.000 денари е 4,6 денари. Рокот за испорака на оваа количина е една година од денот на склучување на договорот.

Пестоденарката ќе биде отпечатена во тираж од 15 милиони примероци. Вредноста на печатењето е 976.000 денари,а цената по парче е 4 денари.

Македонските банкноти освен што важат за книжни пари со високо ниво на естетика важат и за банконти во високо ниво на заштита. Сите детали за спецификацијата и договорот може да се најдат на овој линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/contracts/0

Што се однесува до англиската печатница De La Rue таа важи за една од најпознатите светски печатници за пари. Нејзин основач бил Томас Де Ла Руе во далечната 1821 година. Седиштето на компанијата е во Басингсток, Хемпшир, а приходот лани и изнесувал 350 милиони фунти. Компанијата вработува над 2.000 лица, а повеќе детали има на овој линк https://en.wikipedia.org/wiki/De_La_Rue

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НЕМА БРАШНО, НЕМА ЛЕБ, СИЛОСИТЕ СЕ ЧИСТАТ И РЕНОВИРААТ - намалена загубата на „Жито Караорман“, но еве која е причината

НЕМА БРАШНО, НЕМА ЛЕБ, СИЛОСИТЕ СЕ ЧИСТАТ И РЕНОВИРААТ - намалена загубата на „Жито Караорман“, но еве која е причината

ПРОРАБОТЕ „АЛЧНОСТА“! Биткоинот на работ на нов рекорд - еве кои фактори моментално ги фаворизираат криптовалутите

ПРОРАБОТЕ „АЛЧНОСТА“! Биткоинот на работ на нов рекорд - еве кои фактори моментално ги фаворизираат криптовалутите

ПОРАНЕШЕН ГИГАНТ ОДИ ВО ЗАБОРАВ: По речиси 100 години работа, започна банкрот

ПОРАНЕШЕН ГИГАНТ ОДИ ВО ЗАБОРАВ: По речиси 100 години работа, започна банкрот

ГРАДОВИТЕ СЕ БОРАТ ЗА МЛАДИ ЛЕКАРИ ВО ХРВАТСКА: „Ми платија 50.000 куни за да го опремам мојот стан, за кујна и мебел“

ГРАДОВИТЕ СЕ БОРАТ ЗА МЛАДИ ЛЕКАРИ ВО ХРВАТСКА: „Ми платија 50.000 куни за да го опремам мојот стан, за кујна и мебел“

Трилер во „Македонијатурист“! Му заби ли нож во грб Соња Бибановска на Доне Таневски?

Трилер во „Македонијатурист“! Му заби ли нож во грб Соња Бибановска на Доне Таневски?

„НАСТЕЛ“ НА АЗМАНОВ ПРОДОЛЖУВА ДА ПРОДАВА АКЦИИ ВО „РЕПЛЕК“ - еве колку сега поседува градежната компанија на познатиот бизнисмен

„НАСТЕЛ“ НА АЗМАНОВ ПРОДОЛЖУВА ДА ПРОДАВА АКЦИИ ВО „РЕПЛЕК“ - еве колку сега поседува градежната компанија на познатиот бизнисмен

ОНИЕ ШТО РАБОТАТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО ОВИЕ ЧЕТИРИ ЗЕМЈИ ДОБИВААТ НАД ДВЕ ИЛЈАДИ ЕВРА: Најлошо е во Бугарија

ОНИЕ ШТО РАБОТАТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО ОВИЕ ЧЕТИРИ ЗЕМЈИ ДОБИВААТ НАД ДВЕ ИЛЈАДИ ЕВРА: Најлошо е во Бугарија

ШТО ЈА ГУШИ ОВАА НЕКОГАШ ВЕТЕНА ЗЕМЈА? Шведската економија падна во техничка рецесија!

ШТО ЈА ГУШИ ОВАА НЕКОГАШ ВЕТЕНА ЗЕМЈА? Шведската економија падна во техничка рецесија!

Грузија пред невозможен избор! Да стане западна енклава или да остане руска трансверзала?

Грузија пред невозможен избор! Да стане западна енклава или да остане руска трансверзала?