19 Декември, 2025
0.0387

Народна Банка: Мерките на НБМ нема да предизвикаат пад на профитот на банките

Објавено во: Економија 29 Јули, 2016 12:39

Добивај вести на Viber

Народната банка се јави со реакција на денешниот текст на Фактор ПОСЛЕ ВРТОГЛАВИОТ РАСТ: Ќе паѓаат профитите на македонските банки!, со објаснување дека мерките што НБМ ги презела нема да влијаат на паѓање на профитот на банките. Реакцијата ја пренесуваме во целост: Во денешниот текст за банкарските профити објавен на вашиот портал изнесени се погрешни констатации за ефектите од нашата мерка донесена во декември 2015 година а ефектуирана во јуни 2016 година. По примерот на другите земји, со мерката којашто ја презеде Народната банка на крајот на 2015 година, се задолжија банките да ги исчистат своите биланси од  сите побарувања коишто повеќе од две години се целосно резервирани и да ги пренесат во својата вонбилансна евиденција. Тоа значи само сметководствено пренесување на овие побарувања од билансна во вонбилансна евиденција. Сите трошоци поврзани со резервации на овие побарувања се направени во претходните години, така да со оваа мерка, банките не прават никакви дополнителни расходи. Оттука, во никој случај ваквото пренесување нема да влијае врз нивните добивки. Напротив, евентуалната наплата на овие побарувања би креирала вонреден приход. Доказ дека извршените отписи не влијаат врз приходите коишто ги остваруваат банките е фактот дека на крајот на јуни, добивката на банкарскиот систем е зголемена за речиси 40% во однос на истиот период минатата година. За потсетување, најголем дел од „чистењето“ на кредитните портфолија на банките се случи токму во јуни 2016 година.  

Можеби ќе ве интересира

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?