19 Декември, 2025
0.0505

НАРОДНА БАНКА ВО ПОТРАГА ПО КАНДИДАТИ ЗА ВИЦЕГУВЕРНЕРИ – еве кои услови мора да се исполнат

Објавено во: Економија 14 Јули, 2025 07:38

Добивај вести на Viber

Само кратко време по назначувањето на новиот гувернер на Народната банка на Македонија, веќе се бара замена и за неговите заменици. На веб страната на Народната банка е објавен оглас со кој се бараат кандидати за избор на двајца идни вицегувернери во НБРСМ.

Како што е напоменато во огласот, кандидатите треба да бидат лица државјани на Македонија и да имаат соодветна репутација. Очекувано идните вицегувернери да имаат најмалку високо образование со 240 според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование и соодветно професионално или академско искуство на полето на економијата, финансиите, банкарството или правото. Кандидатите кои ќе се пријават исто така не смеат да се должници во стечајна или ликвидациона постапка, ниту да имаат прекршочна санкција, забрана за вршење професија, дејност или должност. 

Уште еден од вообичаените предуслови за пријава на овој оглас е кандидатите да немаат казна забрана за добивање дозвола за основање и работа на банка или друга финансиска институција, или пак да им е одземена дозвола за основање и работа на банка или друга финансиска институција, забрана за основање на нови правни лица и привремена или трајна забрана за вршење дејност од областа на финансиите и банкарството.

Кандидатите за вицегувернери покрај горенаведените критериуми, треба да поседуваат еден од меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од 5 години, како што се ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или АПТИС (APTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

Сите кои би сакале да се обидат за оваа престижна функција покрај веќе споменатите услови треба да достават и кратка биографија во која ќе бидат содржани податоци за претходното професионално или академско искуство на полето на економијата, финансиите, банкарството или правото. Исто така треба да достават и потврда за државјанство издадена од надлежен орган на Македонија (не постара од 6 месеци пред денот на поднесувањето на пријавата. Секако тука треба да вклучат и диплома или уверение за завршено високо образование, изјава за исполнување на критериумот од точка 1 алинеја 3 заверена кај нотар.

Исто така ќе мора да достава и потврда за неизречена прекршочна санкција, забрана за вршење професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци пред денот на поднесувањето на пријавата) издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд според местото на раѓање.

Рокот за доставување на пријави е до почетокот на следниот месец, а изборот на кандидати за вицегувернери на Народната банка на Република Северна Македонија ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

Актуелни вицегувернери во Народната банка се д-р Фадил Бајрами, м-р Емилија Нацевска и м-р Ана Митреска.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?