30 Април, 2024
0.0302

Народни верувања на Балканот: Ако ти заигра левото око тоа значи …

Објавено во: Стил 16 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Според верувањата на народот, постојат многу појави кои ги наговестуваат идните настани, треба само да знаеме да ги читаме.

Следниот пат кога ви заигра окото или зачеша увото, според верувањето ќе знаете што значи тоа.

detelina

Билки:

Детелинка:

Среќни се оние со 4,6, 8 и 9 листови. Што повеќе листови толку повеќе среќа.

Несреќа донесува детелина со 5 и 7 листови, па доколу ги пронајдете, треба да ги уништите.

Повеќе среќа донесува онаа детелина која случајно ќе ја најдете, отколку онаа која намерно ја барате.

Кога пронајдете среќа детелина треба да ја скинете со нокти или заби, и да ја ставте во свилено марамче и да ја носите со срце , а за неа на никој да не кажувате.

Среќна детелина со девет листови е многу ретка, а се носи со себе и ноќ и ден.

Кога трн се закачи за фустан, тоа е знак дека наскоро ќе има свадба, во која ќе бидете и вие.

Кога ви се закачи гранка, тоа е знак дека некој ве обозжува. Гранката не треба да ја прегазите, туку со рака да ја тргнете.

Првата љубичица која ја најдете во пролет, изеди ја, бидејќи оваа година ќе те сакаат твоите најблиски.

crna-macka-foto-profimedia-1425034681-620729

Животни

Кога црна мачка ти премине преку пат, на патот нема да имаш среќа.

Кога на пат те сретне пес, работата ќе ја завршиш со успех.

Ако слушнеш како кука кукавица, а со себе имаш пари, тогаш ќе го имаш цела година. Ако го немаш со себе, таа година тешко и ќе стекнеш пари.

Ако гавран или повеќе од нив прелетаат над твојата глава и гракаат, чувај се од несреќа.

Гласот на буф наговестува болест. Ако седнала на вашата куќа, некој од куќата ќе ви биде болен.

Таму каде пеат бувови, е закопано богатство. Ако сакаш да го ископаш, за време на копањето не смееш да зборуваш.

Кога видиш штрк да седи мирно на кровот од твојата куќа, во куќата ќе ви се всели мир и среќа.

Кога видите дека штркот се тресе, ќе имате штета во куќата.

Гнезото ја чува куќата од гром и оган, ако на неа се населиле.

Кога му помогнеш на инсект, кој се обрнал на грб, „си се покајал за седум свои гревови“.

Оној на кој падне гасеница, ќе им иде лут на своите ближни.

Ако сретнеш кафен коњ, тој ден ќе ја видиш саканата личност. Ако сретнеш бел коњ, ќе дадеш пари.

Ако во куќата се внесат паунови пердуви, ќе дојде до штета и раздор во куќата.

Ако видите пајак наутор, тоа значи несреќа и грижа . Ако го видите напладне, значи дека се лесно ќе се реши, а ако го видите навечер тоа е среќа.

Кога падне пајак на тебе од воздух, ќе добиеш радосни вести.

Пајак-крстосувач, замотан преку ноќ, ќе испиша среќен број кој треба да го испробате во игрите на среќа.

Глувците кои живеат в рудниците и тунелите не смеат да се убиваат. Со своето бегство наговестуваат несреќа.

Кога петел кукурика пред врата, ќе ви дојдат гости.

Кога пес чувар во ноќта завива, смртта ја заобиколува куќата,

Кога ластовичка направи гнездо под кровот на куќата, во тој дом ќе влезе мир.

potkovica-sreca-baksuz-foto-profimedia-1424084026-617402

Предмети

Стара потковица донесеува среќа. Кога е закована за куќата, ја чува од несреќа.

Кога пука мебел по дома, некој ќе се разболи.

Кога ножиците ви паднат на под, и се забодат, во куќата ќе има расправија.

Ако падне нож, па се забоде, ќе доживееше измама од личноста која ја сакаш.

При враќање на позајмена игла, не се заблагодарувај, бидејќи во спротивно ќе се скараш со таа личност.

Кога позајмиш лек, не вели фала, инаку нема да дејствува.

Ако на маса се стави облека, очекувај болест.

Ако ти се замрши конецот при шиењето, ќе добиеш изненаден подарок.

Ако се расипе по масата сол, мора да се собере со нож во чиија, како би се избегнала расправија во домот.

Ако се скрши чаша на масата или при наздравување прсне, ќе има среќа.

Кога кршиме кујнски садови донесува среќа и благосостојба. Што повеќе среќата влегува во куќата, толку стаколото о порцеланот пукаат,

Ако скршиме огледало треба да го собереме и фрлиме, бидјеќи ако скршено се употребува, тогаш ќе донесе несреќа седум години.

Кога од ѕид паднат работи без причина, тоа е предупредување на зло.

Каде се лула масата, во таа куќа владее жената.

Кога на некој му ја дадеш адресата, а при тоа го скршиш пенкалото или со мастилото ја оштетиш хартијата, тогаш подобро не ја давај, па ќе избегнеш непријатност.

zdravice-izrecena-presuda-obicaji-22-vek-foto-profimedia-1420625676-605535

Обичаи кај луѓе

Кога 4 лица при разделување се ракуваат, па рацете им се вкрстат, ќе дојде до свадба и раздор.

Кога странец си оди од куќата, а да не седнал, ќе го однесе мирот од неа.

Кога има 13 лица на една маса, некој од нив ќе се разболи.

Кога наутро стануваш, не станувај на лева нога, за да бидеш задоволен цел ден.

Да се миеш со некој од исто лабаво, или да се бришеш со еден пешкир, значи караница.

Ако слушнеш во ноќта нешто да ти чука на врата, а причината не можеш да ја протолкуваш, тоа наговестува зло.

Кога во ноќта на бадник стопено олово се стави во вода, се прикажуваат фигури кои опишуваат настани кои ќе се слушат во годината пред нас.

Кога наутро излезеш од дома, па мора да се вратиш по нешто што си заборавил, од тој пат не чекај корист.

Кога прв пат спиеш во туѓ кревет, запомти што сонуваш, бидејќи тој сон ќе ти се исполни.

Првата ноќ што сонуваш во новиот стан, ќе ти се исполни.

Кога двајца се судрат со главите во желба нешто да кренат, ќе се засакаат.

На ловџија никогаш не кажувај му „среќен пат“ за да не се врати празен од лов. Наместо тоа треба да му се каже „Без трага ти глава“.

oko-oci-zenicafoto-shtterstock-1415875374-589597

Човечки чуства

Ако заигра:

Врвот на главата, надевај се на некоја добивка.

Чело, мора да извршуваш туѓи одлуки.

Тил, очекувај жална вест, но среќем крај.

Слепоочници, ќе слушнеш лош глас,

Веѓи, голема веселба.

Десно око, во работата ќе имаш успех.

Лево око, е знак на караница.

Горна усна, ќе дојдат непознати гости.

Долна усна, ќе успееш во плановите.

Двете усни, ќе се бакнуваш.

Брада, ќе доживееше радосна средба.

Зглоб на десната рака, до дланката, неуспех во работата.

Лев зглоб на раката, до дланката, ќе слушнеш радосна вест.

Стомак, голема добивка, успешна работа.

Раменици, од неволјата успешно ќе излезеш.

Ако те зачеша:

Носот, ќе бидеш лут

Брада, ќе бидеш среќен

Десна дланка, ќе даваш пари

Лева дланка, ќе примаш пари

Ако ти зуе:

Десно уво, ќе слушнеш добра вест

Лево уво, лоша вест

jezik-nos-foto-profimedia-1418228830-597793

Ако се гризнеш за јазик, некој те оговара