02 Мај, 2024
0.0252

НАСА: Подготвени сме да ја одбраниме планетата, нашата сонда Дарт го измести астероидот од орбитата

Објавено во: Стил 12 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Сондата ДАРТ, која американската вселенска агенција НАСА намерно ја „прободе“ во астероид во септември, успеа да ја измести од својата орбита, а со тоа ја оствари својата мисија - го промени патот на небесното тело за да ја спаси планетата Земја во иднината, доколку е потребно.

„Ова е пресвртница за одбраната на планетата и пресврт за човештвото“, изјави администраторот на НАСА Бил Нелсон пред новинарите во вторникот кога беа објавени резултатите.

Телескопските мерења што ги презентираше НАСА на прес-конференцијата покажаа дека со „самоубиствениот“ лет на ДАРТ на 26 септември успеа да ја постигне својата цел - да го пренасочи правецот на астероидот со чиста кинетичка сила.

Во мисијата ДАРТ вредна 330 милиони долари, експертите работеа седум години обидувајќи се да развијат технологија која ќе го пренасочи астероидот кој некогаш може да ја загрози Земјата од нејзиниот пат и на тој начин да го избегне неговото влијание врз нашата планета.

Небесната цел на ДАРТ беше Диморфос, астероид во облик на јајце со големина на фудбалско игралиште кој орбитира околу пет пати поголем астероид наречен Дидимос на секои 11 часа и 55 минути.

ДАРТ, сонда лансирана од Калифорнија со ракета Фалкон 9 во ноември имаше маса од 610 килограми и го погоди Диморфос, создавајќи доволно сила да го придвижи сателитот поблиску до Дидимос.

Споредбите на траекторијата на Диморфос пред и по ударот покажаа дека тој го скратил својот пат околу Дидимос за 32 минути, што значи дека смената била успешна.

Научниците предвидоа дека DART ќе ја скрати орбитата на Диморфос за најмалку 10 минути, но рекоа дека дури и намалувањето за 73 секунди би го сметале за успех.

Ниту двата астероиди ниту ДАРТ (што значи Двоен тест за пренасочување на астероиди) воопшто не ѝ се заканувале на Земјата, истакнуваат научниците на НАСА.