Добивај вести на Viber
Сузан Шнајдер, професор по филозофија на Универзитетот во Пенсилванија, чија студија „Мозокот на вонземјанците“ ја објави американската вселенска агенција НАСА, тврди дека првите вонземјанци што ќе остварат средба со луѓето нема да бидат „мали зелени“, туку суперинтелигентни роботи, далеку посупериорни од човечкиот вид.
Шнајдер е една од малкуте научници кои сметаат дека поимот вештачка интелигенција е многу стар и присутен во космосот.
„Не верувам дека поголемиот број напредни вонземски цивилизации се биолошки“, наведува американскиот научник. Таа претпоставува дека станува збор за најсофистицирани, постбиолошки суштества, односно облици на вештачка интелигенција.
SETI (Search for Extraterrestrial Intelligence) програмата, која од 1984 година трага по знаци на вештачка интелигенција, се обидува во вселената да пронајде биолошки живот. Во нашата култура, вонземјанците најчесто се опишуваат како хуманоидни креатури со огромни глави, со мозок кој е многу поголем од човечкиот.
Шнајдер, пак, е убедена дека нашата прва средба со вонземјанците ќе биди токму средба со суперкомпјутери.
Таа истакнува дека штом ќе биде создадена технологија која ќе може да ја одведе во космосот, секоја цивилизација ќе биде на стотина години од сопствената преобразба од биолошка во вештачка интелигенција.
Американскиот научник потсетува дека првите радио сигнали луѓето ги испратиле пред само 120 години и дека вселенското истражување започнало пред околу половина век, а дека веќе сме опкружени со дигиталната технологија.
Уредите како очилата на „Гугл“ наскоро ќе овозможат директен контакт на Интернетот со нашето тело и веројатно за педесетина години софистицираната интернет конекција ќе биде директно поврзана со нашиот мозок.
Имплантите за заболените од Паркинсонова болест веќе се во употреба, а агенцијата на Министерството за одбрана на САД за развој на нови технологии за војската „DARPA“ веќе развива невролошки импланти, кои се подготвени да ги регулираат пореметувањата како што е пострауматскиот синдром, артритир, депресија и Кронова болест.
Студијата во рамки на „SETI“ наведува дека вонземските цивилизации, доколку постојат, најверојатно се далеку постари од нас, од 1,7 до 8 милијарди години. Доколку е тоа точно, тие цивилизации се несогледливо поинтелигентни од нас. Ние за нив сме „галактички бебиња“.
Шнајдер смета дека киборзите со кои еден ден ќе дојдеме во контакт нема да имаат јаглеродна основа. Всушност, аплоудирањето овозможува речиси бесмртност, постојано рестартирање, како и преживување во најтешки услови.
Покрај тоа, силициумот е подобар за процесуирање на информации од мозокот, со оглед дека брзината на невронот е далеки зад брзината на постоечкиот микропроцесор.