Добивај вести на Viber
Македонските винарии Тиквеш, Сковин, Стоби, Далвина, Камник, Бовин и Пивка, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заеднички настапија на годинашниот Словенечки вински фестивал во Љубљана.
Саемот на едно место ги собра најважните и најголемите увозници и дистрибутери на вино во земјата, како и преставници на ХоРеКа сегментот, сомелиери, вински витези и критичари за вино.
На натправарот за вино што се одржа во рамки на Фестивалот македонските винарии ги добија најголемите признанија во конкуренција на 400 вина од целиот Балкан.
Севкупен победник на Саемот и освојувач на титулата „најдобро вино“, како и на златен медал (прво место) во категоријата црвени вина е Император 2011 на винарската визба Бовин. Второ и трето место во истата категорија освои винаријата Камник со Шато камник, Мерло 2010 и Шато Камник каберне совињон резерва. Во оваа категорија првите девет места им припаднаа на македонски црвени вина.
Ова е прв пат на Словенечкиот вински фестивал првите три вина да бидат од една земја.
Во категоријата бели суви вина, прво место освои винаријата Тиквеш со Барово бело, 2012, а трето Стоби со шардоне барик, 2012.