05 Декември, 2025
0.0284

Наскоро директни летови од Скопје за Канада, Бразил, Сингапур, Кувајт…

Објавено во: Економија 05 Јануари, 2013 08:45

Добивај вести на Viber

Неколку нискобуџетни авиокомпании од Европа, Америка и Азија го скенираат македонското небо, дознава Фактор. Катерина Попоска Воздухопловната власт во земјава најавува директни летови од Скопје до некои од поголемите градови во Канада, Бразил, Сингапур најверојатно кон крајот на годинава. Иако допрва треба да се потпишуваат некои од спогодбите за отворено небо со овие земји, неколку нискобуџетни авиокомпании од Европа, Америка, Азија, но и од Истокот го скенираат македонското небо. Од Агенцијата за цивилно воздухопловство засега не сакаат да откриваат детаљи, бидејќи, велат, рано е за какви било конкретни информации. Потврдуваат само дека во преговори се за потпишување билатерална спогодба за отворање на небото меѓу Македонија и Бразил, Кувајт, Сингапур, како и Финска, Естонија и Полска. Последните неофицијални информации до кои дојде Фактор се и дека за февруари годинава година е закажана средба помеѓу претставници на Kатарската национална авиокомпанија Qatar Airways и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Дејан Мојсовски, за да се договорат околу воспоставување на директна линија меѓу Скопје и Доха. “Бразил допрва ќе стане атрактивна туристичка дестинација за Македонците. Ако се земе предвид и дека Бразил во 2014 година ќе биде домаќин на Светското фудбалско првенство, а во 2016 година таму ќе се одржуваат Олимписките игри, за нас ќе биде голем предизвик да воспоставиме авионска линија до Бразил. Се уште не можам да прецизирам дали тоа ќе биде директна линија или можеби ќе ја искористиме конекцијата од Скопје до Дубаи“, вели за Фактор, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Дејан Мојсовски. На почетокот од летото во 2012 година САД го отвори небото за летови од Македонија. Агенцијата за цивилно воздухопловство потпиша договор со Америка, според кој се регулира воздушниот сообраќај меѓу САД и Македонија. Но, се уште се чека на авиокомпанија која ќе понуди директна линија до еден од американските аеродроми. “Наскоро ќе почнеме поагресивна кампања во однос на анимација на авиокомпаниите кои би воспоставиле редовна авионска линија од Македонија до Канада. За нас и оваа година таргет ќе бидат претежно нискобуџетните авиокомпании. Воведувањето на овие дестинации е мотивирано од повеќе аспекти, како развој на туризмот, поврзување на дијаспората со Македонија, промоција на земјава како бизнис дестинација, но и поддршка за концесионерот ТАВ во намерата скопскиот аеродром да го направи регионален центар на Балканот“, кусо објаснува Мојсовски. За период од една година Македонија доби и неколку нискобуџетни авиокомпании, како Пегасус, Бел ер, Eр Берлин и Визер. Од АЦВП уверуваат дека авиосообраќајот во земјава полека се раздвижува, што укажува на тоа дека цените на авионските билети треба да го напуштат плафонското ниво, споредено со цените на билетите во Европа и во светот. “Изминатата година беше успешна, за што добивме и потврда од  Евростат дека во првата половина од 2012 година за 19% порасна бројот на Македонци што патувале со авион, во споредба со 2011 година.  Статистичката агенција на Европската унија забележува дека најголем пораст на бројот на патниците во авион од земјите надвор од ЕУ чии податоци се разгледувале лани, има кај Македонија. Она што сакам да го потенцирам е дека во изминатите две години  за прв пат воведовме директни летови до Лондон, Москва, Амстердам, Рим, Анкона, Хелсинки, Ајндховен,  како и до Милано, Малме, Минхен, Дортмунд и до Базел. И понатаму очекуваме поголема конкуренција, која ќе овозможи да се намалат цените, да се зголеми бројот на рутите, како и да има подобрување на услугите“, вели Мојсовски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?