15 Декември, 2025
0.0401

НАСКОРО „ГРАДСКИ ВОЗ“ ЗА СКОПЈАНИ И ЖИТЕЛИТЕ НА ПРИГРАДСКИТЕ НАСЕЛБИ: Еве што најавува премиерот

Објавено во: Економија 11 Мај, 2025 14:21

Добивај вести на Viber

Очекувам за многу скоро време скопјани и жителите на приградските населби околу Скопје да можат да го користат „Градскиот воз“ во Скопје, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по увидот на градежните активности на проектот изградба на детска градинка во населено место Инџиково, во Општина Гази Баба. 

Според него, се работи за квалитетен проект на Министерството за транспорт којшто претставува чекор напред кон реформа во системот.

– Тоа е уште еден чекор напред кон реформа во системот, реформа во секоја област, за жал, многу треба да се реформира, всушност, не многу, туку сѐ треба да се реформира. Државата не беше на колена, туку комплетно потоната и не постоеше систем. Сега врз основа на приоритетите и алатките со кои располагаме една по една ги решаваме работите и една година потоа состојбата е драматично поразлична споредено со една година претходно, рече Мицкоски.

Вели Македонија минатата година немала ниту една функционална карго локомотива, со што повеќе од 1.000 вагони кои требало да бидат испорачани во средна Европа биле заглавени на пристаниште во Солун.

– Денеска зборуваме за градски воз, за пруга, Коридор 8, Коридор 10, модернизација, а пред една година немавме ниту една функционална карго локомотива и повеќе од 1.000 вагони кои што чекаа да бидат испорачни во средна Европа, за жал, беа вкотвени на пристаништето кај нашиот јужен сосед, во градот Солун или дел од нив мораа да бараат други рути за да ја избегнат Македонија, бидејќи немаше со која локомотива истите тие да бидат превезени. Таква беше состојбата, авиони за гасење пожар приземјени, бидејќи немаше сервис, локомитиви немаше, патнички возови немаше, неисплатени плати во ЈП Македонски шуми, Водостопанство и така натаму, вели премиерот.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски минатата недела изјави дека очекува првата линија на „Градскиот воз”  Зелениково - Драчево - Кисела Вода - Аеродром - Центар (Нова железничка станица) да биде во функција до крајот на годинава. Се работи, како што рече за голема инвестиција од  педесетина милиони евра за сите три предвидени градски линии. 


Можеби ќе ве интересира

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети