28 Ноември, 2024
0.1698

Генерали Инвестментс: Настаните на берзата минатата недела беа празнични?

Објавено во: Економија 12 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал.

Во борбата против инфлацијата, ФЕД ќе ги зголеми или одржува каматните стапки додека долгорочната годишна инфлација не падне под 2%

Настаните на берзата во изминатата недела беа доста празнични. Во Соединетите Држави повторно се побиени тврдењата дека американската економија се лади, бидејќи таа продолжува да создава нови работни места и покрај високите каматни стапки, а силниот пазар на труд ја одржува инфлацијата на повисоки нивоа отколку што сака ФЕД. Поради малата невработеност, пазарите очекуваат ФЕД да одлучи повторно да ја зголеми основната каматна стапка, веројатно за 25 базични поени, што би значело дека каматната стапка би се искачила на 5,50%. Претставниците на ФЕД уште еднаш потврдија дека во борбата против инфлацијата ќе ги зголемат каматните стапки или ќе ги задржат на високо ниво, додека годишната инфлација не падне под посакуваните  2% на долг рок. Слично на тоа, ЕЦБ исто така се стреми годишната инфлација во еврозоната да падне под 2%, поради што најавува дека каматната стапка најверојатно ќе остане на толку висока позиција уште долго време.

Берзите не донесоа големи промени

Периодот на заработка од вториот квартал е пред нас и инвеститорите се подготвуваат за потенцијално зголемена нестабилност на пазарот. Очекувањата се позитивни, бидејќи речиси и да нема најави со предупредувања за лоши резултати, кои компаниите најчесто ги објавуваат доколку резултатите се всушност полоши од очекуваните. Технолошкиот гигант Meta воведе новитет, а тоа е новата социјална мрежа „Threads“. Мрежата стана главен конкурент на Twitter речиси преку ноќ, надминувајќи ја границата од 100 милиони корисници за само шест дена. Threads изгледа речиси идентично со Twitter, но неговата поврзаност со мрежите Instagram и Facebook го издвојува од остатокот од конкуренцијата. Аналитичарите веруваат дека новата социјална мрежа ќе надмине 200 милиони корисници во наредната година, што на Мета би и донело дополнителни 8 милијарди годишен приход. Meta веќе значително ги надмина YTD приносите на технолошкиот индекс NASDAQ, добивајќи 145% во споредба со добивката од 38% на индексот оваа година. Новата социјална мрежа додаде нов спин и на Meta и на технолошките акции и приказната за вештачката интелигенција.

Кина и пазарите во развој

Минатата недела, пазарите повторно беа изненадени од Кина, која не бележи инфлација (раст на цените), но се бори со дефлација, односно економска стагнација. Годишната инфлација падна на 0%, а месечната инфлација падна на -0,2%. Уште полошо е за цените на производителите, односно за цените на индустриските производи, кои забележаа годишен пад од над 5%. Поради лошата економска состојба, државата реши првично да интервенира на пазарот на недвижности со одложување на отплатата на долговите. И покрај лошата состојба на кинеската економија, кинескиот технолошки сектор се разбуди минатата недела бидејќи по долга правна битка државата ја одреди казната за групата Ant, чиј основач е Џек Ма. Финансиската групација Ant, која поседува 33% од Alibaba, ќе мора да плати милијарда долари казни. Но, и покрај високата сума, пазарите проценуваат дека со ова завршува преземањето на кинеската влада на профитабилниот технолошки сектор во земјата и како резултат на тоа, го прави попривлечен за инвеститорите.

На пазарите на обврзници забележана е пад на вредноста

На пазарите на обврзници бележиме пораст на бараната камата, односно пад на вредноста на обврзниците. Тоа е резултат на очекувањата за натамошно зголемување на каматните стапки. Но, за инвеститорите останува краткорочниот проблем што приносите се и натаму силно негативни, бидејќи обврзниците даваат многу помал принос од инфлацијата, додека во исто време краткорочните обврзници нудат повисоки приноси од долгорочните. Последново се должи на очекувањата за брзо намалување на каматните стапки.

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

Политиките на централната банка го диктираат пулсот на пазарите на капитал. Инфлацијата покажува знаци на оладување, но проблемот останува упорно високата базична инфлација, а централните банки сигнализираат дека може да има дополнителни зголемувања на каматните стапки. Пазарот на труд е силен и економијата останува на територијата на раст и покрај турбуленциите. Инвеститорите и понатаму очекуваат пресврт во каматната политика. Сценариото на заладување на економскиот раст, рецесија а со тоа и пад на добивката не се земени предвид при високите вреднувања на берзите, особено на технолошките акции. Глобалните, а соодветно на тоа и америчките акции остануваат релативно скапи и главно поради тоа остануваме малку повнимателни со инвестициите во акции. Инвестициите во обврзници добиваат на сила во такво опкружување. Неопходно е да се задржи долгорочен пристап со периодично зголемување на инвестициите. Диверзификацијата на портфолиото останува клучен двигател за одржување и зајакнување на заштедите. Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ Брендови, Генерали Америка и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, ги нуди најдобрите решенија за сложениот коктел на актуелната политичка ситуација и економското опкружување. Тоа исто така носи одредени можности. Американските акции во моментов изгледаат поатрактивни поради зголемениот удел во технолошки акции, но повиците за (пре)скапи технолошки акции стануваат се погласни. Но, од друга страна, имаме нова приказна за вештачката интелигенција која ги поттикнува технолошките гиганти. Поради зголемените очекувања за нов стимулативен пакет од кинеските власти, се зголемува и веројатноста за шпекулативен скок на цените на кинеските акции, но очекувањата за тоа кога и колку значително се разликуваат. За инвеститорите кои не сакаат ризик, ова може да биде моментот да додадат некои кинески инвестиции во портфолиото, особено преку фондот Генерали БРИК. Но, бидете внимателни, тежината не треба да надминува 10% од портфолиото. Трпеливиот инвеститор треба да продолжи да додава на постојните позиции, како на берзата, така и на пазарот на обврзници.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

Нови средства за зелени проекти - Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

Нови средства за зелени проекти - Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

КРАЈ ЗА АМБИЦИТЕ НА РУСКИОТ ГИГАНТ - судот на ЕУ ја одби жалбата за правилата за гасоводот „Северен тек 2“

КРАЈ ЗА АМБИЦИТЕ НА РУСКИОТ ГИГАНТ - судот на ЕУ ја одби жалбата за правилата за гасоводот „Северен тек 2“

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали