НАТО ја поддржува внимателно Турција
Објавено во: Балкан 29 Јули, 2015 09:57
Вонредната средба на НАТО во Брисел, спроведена на барање на Анкара, го подржуваат турскиот сојузник во својата „силна солидарност“ против „тероризмот“, против групата „ИД“, пред сè, но и против курдските бунтовници.
Турскиот парламент ќе заседава на специјална седница во средата попладне, за да разговара за ситуацијата со безбедноста во земјата.
„Сите сојузници ја подржуваат Турција во солидарноста и цврстата поддршка“, изјавил во вторникот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по средбата на амбасадорите на 28-те земји членки на Алијансата.
„Тероризмот претставува директна закана за безбедноста на земјите членки на НАТО и меѓународната стабилност и просперитет“, изјавил тој, потврдувајќи дека Турција не побарала „дополнително воено присуство“ на Алијансата.
Но ако сите учесници се согласат дека Турција има „право да се брани“, некои инсистираат за „пропорционален одговор“ против бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК), за да се заштити кревкиот мировен процес, кој започнал во 2012 година.
Особено во Сирија, Курдите се сојузници во меѓународната коалиција против џихадистите од „ИД“.
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер порано исто така се залагал за „потребата од пропорционалност“ во турските бомбардирања.
Турскиот претседател Реџеп Ердоган сепак фактички пресуди во вторникот запирање на мировниот процес со ПКК, како најавил продолжување за „невозможно“, бидејќи бунтовниците продолжуваат нападите врз силите за безбедност.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




