15 Декември, 2025
0.0776

НАТО ја прекина соработката со Русија

Објавено во: Свет 08 Август, 2014 08:04

Добивај вести на Viber

НАТО ја прекинува соработката со Руската Федерација. Ова го изјави генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен за време на средбата со спикерот на Врховната Рада на Украина Александар Турчинов, тврдат од прес-службата на Врховната Рада. "Северноатлантската алијанса ја прекинува соработката со Руската Федерација, ја зајакнува колективната одбрана за заштита на сите членови на НАТО и донесе одлука да го зголеми нивото на поддршка и соработка со Украина", рекол Расмусен. Според неговите зборови одлуката за прекин на соработката ќе остане во сила се додека Руската Федерација не почне да ги почитува основните принципи и да ги извршува нормативните документи за дефинирање на соработката помеѓу земјата и НАТО. Според информацијата на пресот генералниот секретар изразил надеж дека "средбата Украина- НАТО што треба да се одржи во септември, ќе овозможи да се направат нови конкретни чекори во воспоставувањето на плодна соработка меѓу двете земји". Притоа тој истакнал дека Украина има потреба од сеопфатни реформи, особено во воената сфера, и Врховната Рада е должна да игра "важна улога". На 6 август официјалниот претставник на Северноатлантската алијанса Оана Лунгеску изрази стравување дека Русија може да испрати трупи во источниот дел на Украина во форма на мировни и хуманитарни мисии. Според соопштението "Русија концентрирала на границата со Украина до 20 илјади војници што е сериозен проблем и ги поткопува напорите за изнаоѓање дипломатско решение на конфликтот". "Ние нема да шпекулираме што мисли Русија, но гледаме што прави во регионот", гласи мислењето на НАТО. Расмусен повика Русија да се повлече од границата, бидејќи на тој начин постигнувањето на примирје се оддалечува. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете