18 Декември, 2025
0.1530

НАТО: Спласнуваат судирите на истокот во Украина

Објавено во: Свет 12 Јануари, 2015 10:34

Добивај вести на Viber

Судирите меѓу украинската војска и проруските бунтовници во источна Украина спласнуваат, оцени генералниот декретар на НАТО, Џенс Столтенберг, кој сега изразил загриженост поради разликите на локалното население. „Воочивме дека и понатаму има персонал на руската војска на територијата на источна Украина кој би ги поддржувал терористите. Но, исто така, забележавме и намалување на судирите од неодамна. Борбите се активираат периодично, но има знаци на благо подобрување на ситуацијата“, истакнал Столтенберг во интервју за германскиот весник „Велт“. Генералниот секретар на НАТО укажал дека хуманитарните услови во регионот и натами се „многу загрижувачки“ и дека „сепак, целокупната ситуација во Украина и понатаму е нестабилна и тешка“, пренесува агенцијата „Ројтерс“. „Ројтерс“ најавува дека денес германскиот министер за надворешни работи Франк – Валтер Штајнмаер ќе биде домаќин на своите колеги од Франција, Русија и Украина во Берлин со кои ќе разговара за напредокот на мировниот план од Минск и за проценка дали постојат доволно заедночки основи за нов самит, додека украинскиот претседател Петро Порошенко ги повика лидерите на Франција, Германија и Русија на разговори во престолнината на Казакстан, Астани, кон крајот на овој месец. Бројот на жртви во судирите во источна Украина од април минатата година, достигна најмалку 4.808 лица. Ова го покажуваат најновите податоци од извештајот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните работи. Во истиот извештај на Канцеларијата се додава дека повеќе од 1,2 милиони лица се раселени и протерани од своите домови, односно 633.523 се раселени во Украина, а 593.622 лица побегнале во соседните земји, јави утринава руската новинска агенција „Тасс“.  

Можеби ќе ве интересира

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија