19 Декември, 2025
0.0625

Националната конкурентност во фокусот на вториот Глобален инвестициски самит Македонија 2025

Објавено во: Економија 05 Март, 2013 12:59

Добивај вести на Viber

Организацијата Македонија 2025 во октомври ќе организира втор Глобален инвестициски самит во Македонија. Според информацијата од организацијата, тој ќе биде насочен кон зајакнувањето на националната конкурентност со стимулирање на иновацијата, претприемништвото и трансферот на стручното знаење. Вториот Глобален инвестициски самитќе се одржи од 3 до 6 октомври. Учесниците ќе дискутираат за клучни прашања поврзани со конкурентноста на Македонија, како и за инфраструктурата и енергијата, технолошката подготвеност, развојот на финансискиот пазар и ефикасноста на пазарот на работниците. Самитот ќе прикаже успешни стратегии за лидерство, претприемништво и иновација кои се применливи на глобалните пазари, со цел да се зголеми квалитетот и конкурентноста на македонските производи и услуги. Настанот и овој пат ќе собере на едно место високи државни претставници, светски бизнис лидери и потенцијални инвеститори во Македонија. Ќе понуди преглед на тековната економска и политичка рамка во контекстот на претпристапниот период на Македонија во ЕУ и ќе ги прикаже приоритетите за одржливи долгорочни инвестирања во инфраструктурата, транспортот и развојот на ICT инфраструктура, природните ресурси, енергијата и обновливата енергија, производството и истражувањето и развојот на човечки ресурси. Самитот ќе понуди и серија на лидерски и мотивациски говори, работилници на темите иновација, претприемништво, истражување и технологија. За време на истиот ќе се одржат и билатерални средби помеѓу домашните компании и странските инвеститори, како и различни видови настани за поврзување и дружење. Првиот Глобален инвестициски самит меѓу бизнис дијаспората и македонската бизнис заедница, Македонија 2025 го организираше минатата година во Охрид. На Самитот учествуваат повеќе од 350 странски и домашни бизнисмени и високи државни претставници. Дури 90 отсто од присутните ја истакнаа важноста и потребата од одржување вакви годишни бизнис собири кои стимулираат динамичен економски развој.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар