20 Декември, 2025
0.0786

Научен центар со фонд од 200 милиони евра формираа земјите од Западен Балкан

Објавено во: Балкан 18 Септември, 2015 15:25

Добивај вести на Viber

Регионален центар за истражување и иновации (WISE) со седиште во Сплит, основаа земјите од регионот на Западен Балкан, меѓу кои и Македонија. Центарот е официјализиран со потписите на министрите за наука на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија, Србија и Хрватска, кои на дводневната конференција што се организира во Сплит, се согласија околу договорот за формирање на ваква организација. На Центарот ќе му бидат на располагање околу 200 милиони евра што можат да бидат повлечени од европските фондови, беше кажано отворањето на конференцијата. Оваа меѓународна организација е плод на работата на Регионалниот Центар за Соработка (RCC) каде што членува и Македонија, при што уште во 2009 и 2013 во Сараево и во Загреб, се потпишани соодветни декларации за соработка во областа на науката и иновативноста на земјите од Југоисточна Европа. Иницијативата е поддржана и од Европската комисија и од Светска банка, чии високи претставници учествуваат на конференцијата во Сплит. Центарот, како што наведуваат официјални извори, ќе послужи за активности на институциите и поединци од  наведените земји кои се занимаваат со научно-истражувачка работа, на претставници на институции и бизнис компании од други европски и светски земји, на претставници на Европската комисија, Светската банка, како и на научници и бизнисмени кои работат на иновации и кои инвестираат во високи технологии. Конференцијата беше организирана од Владата на Хрватска и од RCC, а на отворањето и на церемонијата на потпишување учествуваа вицепремиерот Весна Пусиќ и Генералниот секретар на RCC Горан Свилановиќ. Од име на Република Македонија договорот го потпиша ресорниот министер Абдулаќим Адеми.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација