18 Декември, 2025
0.0498

НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИЈА НАЈМОЌЕН СОЈ НА КОВИД ДОСЕГА: Новата варијанта има дури 32 мутации, вакцините немаат ефект

Објавено во: Свет 25 Ноември, 2021 13:02

Добивај вести на Viber

Новата варијанта на корона вирусот Б.1.1.529 е идентификувана во Боцвана, и научниците најверојатно ќе ја наречат „ни“.

Идентификувани се неколку случаи на оваа варијанта, детектирани до јужниот дел на Африка.

Според научниците од University College London, новата варијанта на корона вирусот е практично „соѕвездие“ од мутации и е идентификувана прв пат во Боцвана, наведува британски Sky News.

Велат дека сè уште не им е јасно дали постоечките антитела добро ќе реагираат на варијантата - која има 32 мутации на шилестиот протеин (S-proteine)

Спајк-протеините се она што вирусите го користат за да влезат во човечките клетки, а некои од вакцините функционираат така што го тренираат телото да ги препознае шилците и да ги неутрализира.

Поради тоа, мутациите на шилото може потенцијално да се покажат како проблематични за дозите на mRNA вакцините, како што се Фајзер и Модерна.

Сепак, со само неколку регистрирани случаи - три во Боцвана, шест во Јужна Африка и еден во Хонг Конг од некој што патувал од Јужна Африка - научниците се надеваат дека случаите на ковид предизвикани од новата варијанта на вирусот нема да бидат широко распространети. Главоболката, болките во грлото и течење на носот сега се најчестите симптоми на ковид-19, велат истражувачите.

Франсоа Балу, професорка по биологија на Универзитетскиот колеџ во Лондон, рече: „Засега треба внимателно да се следи и анализира, но нема причина да бидеме премногу загрижени, освен ако не почне наскоро значително да се зголемува бројот на случаите.

Таа додаде дека „соѕвездието“ на мутации може да се создало затоа што вирусот „еволуирал за време на хронична инфекција на имунокомпромитирана личност, веројатно кај нелекуван пациент со ХИВ/СИДА“.


Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина