18 Декември, 2025
0.2430

Научниците предвидуваат – Европа ја очекуваат се покатастрофални поплави!

Објавено во: Свет 27 Мај, 2014 12:10

Добивај вести на Viber

Повеќето светски научници се согласуваат дека до 2050 година, како резултат на топењето на ледниците и подигањето на нивото на морињата, врнежите ќе бидат многу пообилни, ветровите посилни, а поплавите во Европа почести. Разлики постојат само во предвидувањето на размерите на природните катастрофи. Најновите истражувања покажуваат дека не само што поплави ќе има почесто, туку и тие ќе бидат меѓусебно поврзани на територијата на Европа. Досега истражувањата беа ограничени на одредени речни сливови, но студијата објавена во специјализираниот магазин „Нејчер клајмат чејнџ“ укажува на тоа дека излевање на водите од коритото на реките во еден слив, многу повеќе ќе ги погаѓа и другите региони и сливови низ Европа. Брендан Јонгман, од Универзитетот во Амстердам, водечки автор на ова интердисциплинарно истражување, укажува дека со анализа на промените во моделот на врнежи стигнал до заклучок дека поплавите ќе станат „паневропски феномен“ и дека до средината на векот ќе предизвикаат една третина од загубите во националните економии. „За споредба, во првите 12 години од овој век, просечните трошоци за поплави на ЕУ изнесувале околу 4,9 милијарди евра годишно. Но врз основа на проекција за количеството врнежи во следните децении и постојната одбрана од поплави, до 2050 година, трошоците на ЕУ ќе се зголемат на 23,5 милијарди евра годишно“, смета Јонгман. Само донекаде одредени нации ќе можат да се заштитат со изградба на подобри и поцврсти брани на своите сливови, но според мислењето на научниците, европското општество ќе мора да создаде значително посилен фонд за солидарност за сите региони во кои постои ризик од водената стихија. Особено затоа што таа на еден или друг начин ќе се одрази и на другата страна на континентот. Милиони луѓе директно на своја кожа ќе ги почувствуваат овие промени, особено оние кои живеат на брегот на морињата и океаните. Делтите на некои реки ќе се салинизираат, а плажите и бреговите ќе бидат оштетени, што ќе има свој ефект и врз туризмот. Од 1900 година растот на нивото на морето беше 20 сантиметри, а според проекциите на институтите во Шпанија, до 2050 година ќе порасне за дополнителни 25 сантиметри, како резултат на порастот на температурата наводата и топењето на глечерите на Гренланд, Арктикот и Антарктикот. И експертите на НАСА направија проценка за влијанието на климатските промени по континенти. Европа: Зголемен ризик од катастрофални поплави во внатрешноста на континентот. На морските брегови поплавите ќе бидат почести, како и ерозијата на почвата. Во јужните делови на континентот приносите од жетвата ќе бидат значително намалени. Јужна Америка: Постепено намалување на површината под тропски шуми, особено во источните делови на Амазонија. Таа ќе и отстапи место на степската трева. Северна Америка: Потенка и пократка снежна покривка на планините. Повеќе врнежи и пожестока суша во пределите каде што вообичаено нема доволно дожд. Африка: Уште до крајот на оваа деценија околу 200 милиони луѓе би можеле да останат без доволно вода за пиење. Во сушните предели може да дојде и до поголем недостиг на храна. Азија: На југот, во централниот дел и на југоистокот ќе се појави недостиг на вода за пиење, додека големиот крајбрежен појас ќе биде изложен на поплави.  

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва