Наумов: Министерството за финансии нè задолжи со нови 25.3 милиони евра
Објавено во: Економија 29 Март, 2016 14:27
На денешната аукција на државни хартии од вредност Министерството за финансии нè задолжи со нови 25.3 милиони евра, реагира дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов.
Вели дека министерот за финансии, Зоран Ставрески запиша пет пати поголема сума од долгот што доспева за враќање.
„ За враќање доспеваа само 5 милиони евра по основ на 3 годишна обврзница. Ако се има предвид дека се наоѓаме пред крај на месец, кога скоро сите месечни исплати од буџетот се реализирани, а би требало да бидат изразени приливите во буџетот, тогаш единствен заклучок кој се наметнува е дека во овој момент буџетот на РМ е пред финансиски колапс. Заклучно со февруари месец дефицитот изнесуваше 73 милиони евра или 23.5% од планираниот дефицит за цела 2016 година. Ако се продолжи со оваа динамика, дефицитот до крајот на годината ќе изнесува повеќе од 420 милиони евра. Со тоа јавниот долг ќе се приближи до износот од 5 милијарди евра“-вели Наумов.
Тактизирањето на Управниот суд конечно да се изјасни по тужбата поднесена од моја страна за задолжувањата на домашниот пазар, овозможи на товар на идните генерации да се запишат нови 70 милиони евра нето долг од почетокот на годината, појаснува тој.
Овој долг ќе биде преиспитан од аспект на негово третирање како законски јавен долг на Република Македонија.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




