19 Декември, 2025
0.0540

Наумов: Оваа власт ги носи државата и граѓаните во должничко ропство

Објавено во: Економија 20 Јули, 2016 14:47

Добивај вести на Viber

После информациите дека сепак еврообврзницата издаде, претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ Кире Наумов денеска со коментар за оваа одлука на надлежните.

 Тој на прес конференцијата порача дека СДСМ ќе ги искористи сите механизми да спречи непродуктивни трошења со коишто власта ги задолжи граѓаните .

Власта на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ вчера издаде трета еврообврзница за само 24 месеци!При секое издавање образложението беше дека средствата ќе се користат во наредните две до три години. Лажеа.Граѓаните треба да знаат дека се до денеска во ставката Депозити во ребаланост на Буџетот не планираа да пренесат средства во 2017 година.

Според нашите информации денеска со нова манипулација се обидуваат да направат дополнување на Ребалансот, што говори на што се е подготвена оваа власт кога се пари во прашање.

На идните генерации оваа неодговорна криминално – корупциска власт им натовари нов долг од 450 милиони евра и плус камати. Новото задолжување ќе ги чини граѓаните вкупно 627 милиони евра! Да ги почитуваа законите и да го прифатеа укажувањето на СДСМ да се издаде еврообврзница согласно постапката од ноември 2015 година, камата сигурно ќе беше помала“, изјави Наумов.

Во услови на економски раст од само 2%, со каматни стапки на задолжување во континуитет од пет и повеќе проценти за средства што планираат да ги трошат за непродуктивни и криминални цели, оваа власт ги носи државата и граѓаните во должничко ропство, додава Наумов.

Тој дополнува дека со  вчерашното задолжување јавниот долг е зголемен  за над 3 милијарди евра и од вчера долгот е на ново историско ниво од речиси 5 милијарди евра или над 50% од БДП.

„Наместо да ги скратат трошоците за Панорамско тркало од 18 милиони евра, средствата за барокни фасади од 5 милиони евра, средствата за уништување на ГТЦ и сите останати криминални проекти од коишто граѓаните немаат никаква корист, задолжувањата продолжија“, посочи Наумов.

Наумов истакна дека СДСМ по смената на власта  ќе ја спори легалноста на ова задолжување.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар