19 Декември, 2025
0.0530

Наумов: Шверцерски ребаланс погубен за економијата

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2016 12:12

Добивај вести на Viber

Ребалансот има единствена цел како да створи атмосфера дека е неопходно издавање на еврообврзница, вели Кире Наумов, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ. Според Наумов овој ребаланс е погубен за Македонија, нејзините граѓани и економија.

„После скандалозното прво интервју на Миновски кој како нов министер за финасии покажа елементарно непознавање на јавните финансиите и економијата, соопшувањето на основните параметри на предлог ребалансот на Буџетот за 2016 е нешто што неможе сериозно економски да се коментира.Човекот за кој издавањето на евробврзница е нешто како банкарска гаранција во Народна банка, свеж капитал и нешто со кое ќе се зголемела приватната потрошувачка, треба сериозно да се преиспита на што се нафатил и каде седнал на функција. Само некој кој се нафатил слепо да го спасува својот шеф Груевски може ладно да изјави дека со ребалансот предлага кратење на капиталните инвестиции а истовремено зголемување на буџетскиот дефицит.Миновски кој неможе да ги прочита ни извештаите од трезорот треба  да знае дека капиталните трошоци до април се на вонредно ниско ниво од 16% од планираните и се за 1,2 милијарди денари помали и од истиот период лани. Заедно со зголемувањето на референтната каматна стапка од страна на Богов, намалувањето на капиталните трошоци е нов голем погубен исчекор кој скоро сигурно ќе ја одведе економијата кон рецесија или раст помал од 1%. Тоа понатаму значи дека ќе имаме историски најголем дефицит кој ќе надмине 4,3% од БДП. Затоа, најавениот ребаланс има единствена цел како да створи атмосфера дека е неопходно издавање на еврообврзница. Без разлика што му вели Груевски, дали исто како и на Јанакиевски и другите дека не е страшно да потпише било што, а тие денес се справуваат со десетици кривични пријави,  Миновски мора да се обиде да биде попаметен и да се консултира и со своите адвокати но и со адвокатите од консултантската куќа која работи на истражување на пазарот за еврообврзница. Со неколкуте стотици милиони евра кои ги планира Груевски, тој сака на момент да се спаси истурајќи ги клиентелистички во предизборието кое следува. Со нов долг на грбот на граѓаните тој сака да се обиде да и избега на правдата. Миновски треба да знае дека само со предлагањето на ребалансот веќе станува соучесник. Нема пари кои можат да ги спасат од одговорноста а ова се потези со кои само си ја влошуваат состојбата.  Ставревски со асистенција на Јанкуловска ги бркаше пратениците од парламент за да го донесе буџетот. Миновски го чекаше моментот кога опозицијата го има напуштено парламентот за да донесе ребаланс. На врвот стои Груевски кој е подготвен да ги разболи или заглави сите за да ја спаси својата кожа. Овој ребаланс е погубен за Македонија, нејзините граѓани и економија. Тоа што е најважно е дека сите претходни задолжувања направени на домашниот пазар оваа година  заедно со евентуалното издавање на нова еврообврзница која и официјално ќе биде најавена со овој ребаланс, ќе бидат нелегални и оспорени како јавен долг на грбот на граѓаните. Тоа може даа биде само приватен долг на Груевски, Ставрески и сега новиот Миновски. За тоа мораат да бидат свесни сите кредитори“, посочува Наумов.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд