20 Декември, 2025
0.0597

Навалица од Срби по унгарски пасоши!

Објавено во: Балкан 21 Септември, 2013 14:35

Добивај вести на Viber

Над 100 илјади Срби побарале унгарско државјанство и пасош, од кои  60 илјади веќе го добиле, пренесуваат српските медиуми, посочувајќи дека станува збор за бројка од јануари минатата година. Како услов за добивање унгарско државјанство е доказот дека предците се родени на територија на тогашна Австорунгарија до 1921 година, но и средно ниво на познавање на унгарскиот јазик. Условите ги исполнуваат и оние чии што предци се родени во Бачка, во периодот од 1941 до 1945 година, кога при поделба на Југославија таа и припадна на тогашна Унгарија. „Три месеци го учев јазикот, толку време ми беше потребно и да ги соберам останатите документи. Во Србија за нас економистите нема перспектива и се надевам дека во Унгарија, а можеби и во некоја друга европска држава ќе најдам добра работа“, вели млад економист од Нови Сад. Како главна причина за растечкиот крој барања за унгарски пасош, покрај вработувањето, е тоа што образованието во училиштата и факултетите е бесплатно. Како што пренесуваат медиумите, најголем интерес за пасошот од оваа членка на Европската Унија има кај младите луѓе.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација