18 Декември, 2025
0.0464

НБРМ пушти во оптек нови ковани пари, овој пат „Близнаци” и „Рак”

Објавено во: Економија 20 Мај, 2015 18:31

Добивај вести на Viber

Народната банка на Република Македонија ги издаде и пушти во оптек кованите пари за колекционерски цели „Близнаци” и „Рак” од серијата „Хороскопски знаци” .
Кованата пара „Близнаци“ ги има следниве карактеристики:

- на аверсот е прикажана украсна композиција што претставува симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато сино тркалезно кобалтно стакленце (низ целото стакленце). На горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на Република Македонија. По должината на периметарот, на двете страни, се прикажани симболите на осумте планети од Сончевиот систем коишто, покрај Сонцето и Месечината, влијаат на хороскопските знаци (Меркур, Венера, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон). Исто така, по должината на периметарот се прикажани натписите: „Република Македонија” и „10 денари” на македонски јазик, како и годината на издавање „2015” и ознаката „Аg925”.

- на реверсот, на левата страна е претставена слика на близнаци кои во рацете држат дел од Млечниот Пат. На десната страна на реверсот е вметнато тркалезно кобалтно стакленце на кое е насликано соѕвездието на хороскопскиот знак Близнаци. На долниот дел е претставен симболот на хороскопскиот знак Близнаци и името на овој знак на латински јазик. Целата композиција е опкружена со графички украс, по должината на периметарот. Одредени елементи на релјефот (вклучувајќи ја косата на близнаците, симболот и ѕвездите на Млечниот Пат) се насликани со злато.

Кованата пара „Рак” ги има следниве карактеристики:

- на аверсот е прикажана украсна композиција што претставува симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато сино тркалезно кобалтно стакленце (низ целото стакленце). На горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на Република Македонија. По должината на периметарот, на двете страни, се прикажани симболите на осумте планети од Сончевиот систем коишто, покрај Сонцето и Месечината, влијаат на хороскопските знаци (Меркур, Венера, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон). Исто така, по должината на периметарот се прикажани натписите: „Република Македонија” и „10 денари” на македонски јазик, како и годината на издавање „2015” и ознаката „Аg925”.

- на реверсот, на левата страна е претставена слика на рак. На десната страна на реверсот е вметнато тркалезно кобалтно стакленце на кое е насликано соѕвездието на хороскопскиот знак Рак. На долниот дел е претставен симболот на хороскопскиот знак Рак отпечатен на школка и името на овој знак на латински јазик. Целата композиција е опкружена со украс кој се состои од школки и алги, по должината на периметарот. Одредени елементи на релјефот (дел од телото на ракот, симболот на Ракот, некои школки и алги) се насликани со злато.

Овие ковани пари се изработени од сребро Аg925, со тежина на среброто од 21,00 г, чистота на среброто 19,43 г, во овална форма со димензии од 35 х 45 мм, полирани со 24-каратна златна меѓуоснова и вметнато тркалезно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм.

Цената на кованата пара „Близнаци“ и на кованата пара „Рак“ изнесува 2.700,00 денари. Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.
Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Македонија на следнава врска: www.nbrm.mk/Ковани пари за колекционерски цели

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа