19 Декември, 2025
0.0392

НБРМ: Во време на турбулентно домашно опкружување банките се стабилни

Објавено во: Економија 22 Јули, 2016 12:18

Добивај вести на Viber

Денес се одржа четвртата седница на Комитетот за финансиската стабилност, на кој присуствуваа министерот за финансии и гувернерот на Народната банка, како и високи претставници од двете институции. Во рамки на надлежностите на Комитетот определени соМеморандумот за соработка за одржување на финансиска стабилност и управување со финансиска криза во Република Македонија, на денешната седница се разгледаа најновите движења во банкарскиот систем на Република Македонија, при што се заклучи дека, и во услови на турбулентно домашно опкружување, банките ја одржаа својата стабилност и сигурност.

„Од средината на април до средината на мај 2016 година, под влијание на неекономски фактори, беше забележан одлив на денарските депозити на домаќинствата, проследен со зголемена склоност за поседување девизи и следствено со зголемена побарувачка за девизи на менувачкиот и на девизниот пазар.

Во вакви услови, банките добро управуваа со ликвидноста и непречено беа извршени сите барања за исплата на депозитите, пред сѐ благодарение на традиционално високиот обем на ликвидна актива која ја држат, но и на засилениот мониторинг од страна на Народната банка. Ова, заедно со навремените мерки на монетарната политика, придонесе брзо да се стабилизираат перцепциите во јавноста за ризиците во банкарскиот систем“, информираат од Народната банка на земјава.

Во соопштението до медиумите, од НБРМ укажуваат и на зголемување на депозитите за 5 милијарди денари во периодот јуни 2015 - јуни 2016 , наспроти претходниот едногодишен период (јуни 2015 - јуни 2014), кога растот изнесуваше 23 милијарди денари

„И кредитирањето забави. Банките продолжија со поголема внимателност да ги кредитираат субјектите од корпоративниот сектор, така што кредитниот раст главно произлезе од домаќинствата. Покрај внимателноста на банките, на намалувањето на кредитниот раст влијаеа и мерките на Народната банка. Така, мерката на Народната банка преземена заради превенирање на ризиците од можна голема долгорочна задолженост на населението наменета за потрошувачка, според очекувањата, резултираше со благо забавување на растот на потрошувачките кредити со рочност над 8 години. Мерката на Народната банка за задолжително „чистење“ на кредитните портфолија од старите и целосно расходувани нефункционални кредити, статистички ги подобри показателите за квалитетот на кредитната изложеност на банките, но, од друга страна го анулираше кредитниот раст (кој, со изземање на ефектите од оваа мерка, заклучно со јуни 2016 година ќе беше двојно повисок). Сепак, со оваа мерка, учеството на нефункционалните во вкупните кредити се сведе на 7,5% и е за околу една третина помало во споредба со јуни 2015 година, кога изнесуваше 11,5%“, посочуваат од банката.

Што се однесува до ликвидната актива на банките таа останува на задоволително ниво. Заедно со задоволителната ликвидност, и високата солвентност на банкарскиот систем е столбот на неговата стабилност и отпорност. Стапката на адекватност на капиталот изнесува 15,8% и е речиси двојно повисока од пропишаниот минимум од 8%.

На состанокот се разгледал и напредокот во врска со примената на европската банкарска директива и регулатива и директивата за опоравување на банка со проблеми, при што се заклучи дека е потребна координирана активност најмалку на двете институции, за да се воспостават овие нови стандарди.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар